Трансформација на наш фитнес тренер: „2020-та не беше добра за мене, не можев да се гледам таков“

Дури и фитнес тренерите имаат лоши периоди, па Адам Глигороски откри дека за него таква била 2020-та година кога тежел 100 килограми и не бил во форма. Погледнете ја драстичната трансформација што ја направил за 6 месеци...

ispoved-na-nash-fitnes-trener-2020-ta-ne-beshe-dobra-za-mene-ne-mozhev-da-se-gledam-takov-01.jpg

Адам Глигороски години наназад работи како фитнес тренер. Но, вели дека 2020-та година за него не била добра, имал 100 килограми и не бел во форма поради низа причини.

Но, оваа 2021-ва тој изгледа одлично и вели дека токму оваа трансформација која си ја направил на себе е најуспшената трансформација што ја направил досега.

Неговата објава на Инстаграм гласи:

„Зошто оваа е најуспешната трансформација која досега сум ја направил? Затоа што ја направив на самиот себеси.

2020 е година што ќе се памети долго ама не по добро за многу луѓе, па така и за мене. Сериозна повреда, забрана за вежбање, карантин, полициски час, неактивност, јадење од досада доведуваат до ОВА, мојот физички изглед во 2020 нешто што мислев дека никогаш нема да си го дозволам.

Не можев да се гледам себеси во вакво издание и се стегнав, си направив диета, почнав да правам кардио и тежински тренинг СЕКОЈ ДЕН и по 6 месеци труд резултатот е овој на сликите од десно!

Кога можам јас зошто не би можел/а и ти?“

Повеќе фотки од Адам:

Прочитајте и Eден од најфит паровите во Македонија - Кристина и Адам (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава