Скопје го добива најдобриот забавен парк во регионот

Скопје, 08.10.2021 година - Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција го претстави проектот за новиот забавен парк во Скопје, чијашто изградба беше одложена со консензуална одлука на Советот на Град Скопје на почетокот на светската пандемија на Ковид 19 вирусот.

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-01.JPG

- Во Април 2020-та, сите советници во Советот на Град Скопје, консензуално донесоа одлука да ја одложат изградбата на Луна Парк и парите на даночните обврзници да бидат пренаменети за некои други кризни, пандемски проекти и трошоци, изјави градоначалникот Шилегов.

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-02.JPG

- Денес, година ипол по оваа одлука и со пандемија на којашто и се наѕира крајот, сметам дека е време да го вратиме забавниот парк на агендата на градот и да започнеме со градба кон крајот на оваа година. За забавниот парк Градот има обезбедено проект, обезбеден буџет, соодветен план за јавни набавки и обезбедена локација за градба, додаде тој.

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-03.JPG

- Скопје треба да стане регионален туристички центар. Стотици туристи секој викенд со автобуси доаѓаат од соседни држави за да ги посетат нашите детски атракции како Скопската Зоолошка или Дино Паркот. Дино паркот е единствен во регионот, а зоолошката една од подобрите во него. Со забавниот парк Скопје станува дополнително попривлечен за семејниот туризам, со оглед на тоа што ваков забавен парк нема во радиус од 300 км од Скопје, нагласи Шилегов.

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-04.JPG

- Забавниот парк ќе се наоѓа на истото место како стариот Луна Парк на парцела со иста големина и со ист број на дрвја, зашто проектот е таков да ниедно не треба да се пресече. Предвидени се 27 реквизити, односно содржини, за три различни возрасти на деца. Детски дел, семеен и екстремен. Адреналинските содржини од екстремниот дел за најголемите деца ќе можат да бидат користени и од повозрасните. Како на пример ролеркостерот кој ќе биде најголемиот на Балканот, а ќе можат да го користат и возрасните, продолжува Шилегов.

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-05.JPG

- Паркот ќе може да прими до 3000 посетители секој ден, или преку милион посетители годишно. Ќе биде изграден според сите стандарди за квалитет и безбедност. Покрај реквизитите, предвидени се и ресторани, сувенирници, тоалети, други продавници и придружни содржини за што попријатен престој на посетителите, додаде Шилегов.

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-06.JPG

- Би сакал да нагласам дека идејното решение е од Франко Бараѕони кој има проектирано преку 50 светски забавни паркови во светот, потенцираше Шилегов.

Во однос на рокот за изведба градоначалникот Шилегов најави дека тендерот се распишува после изборите, а паркот треба да биде готов летото 2023 година, односно за 18 месеци.

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-07.JPG

- Креираме нови работни места, ја помагаме локалната економија. Проектот е целосно самоодржлив, за реализација на овој проект се бара изведувач кој ќе го финансира и нема да има буџетски импликации на град Скопје. Се очекува паркот да се исплати сам за три години, а потоа градот ќе заработува и ќе вложува во нови проекти. Создаваме одржлива градска организација, нагласи Шилегов

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-08.JPG

skopje-go-dobiva-najdobriot-zabaven-park-vo-regionot-09.JPG

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...

Најчитани неделава