Девојка од Саудиска Арабија, што патува низ светот, ја посети и Македонија – кои ѝ се впечатоците?

„Во Македонија нема Убер“ е еден од заклучоците на Дида Фара. „Посетата на Скопје ми даде поразлично чувство од кој било друг град што сум го посетила на Балканот...“, раскажува таа.

 devojka-od-saudiska-arabija-shto-patuva-niz-svetot-ja-poseti-i-makedonija-koi-i-se-vpechatocite-01.jpg

Дида Фара е девојка од Саудиска Арабија, која живее во Канада, но најголемиот дел од времето го минува во патување низ разни земји во светот.

Од Француска Полинезија до Бора Бора, на нејзината листа на посетени дестинации има навистина спектакуларни места.

Дида ја посетила и Македонија изминатото лето. Во Скопје најсилен впечаток ѝ оставила Старата скопска чаршија, Кале и центарот, а во Охрид ја воодушевила црквата Свети Јован Канео.

„Посетата на Скопје ми даде поразлично чувство од кој било друг град што сум го посетила на Балканот. Ова е интересен град. Има свој уникатен и автентичен шарм и вибрации. Едната страна од градот изгледа како враќање назад во времето, а другата страна изгледа како да сте стапнале во модерен, богат град. Наоколу ќе сретнете шармантни градби со преку 100 статуи, па антички руини и Старата чаршија.

Тоа е неверојатно искуство кое може да го почувствувате за само еден час пешачење. Скопје е неверојатен град.

Потоа таа за Охрид вели:

„Разгледници од Охрид. Како може да е вака убаво? Во мигот штом стапнав во Охрид бев занемена од убавината на ова место. Погледнете ја оваа убавина...

Македонија станува туристичка дестинација, но уште не е допрена од масовниот туризам. Топло ви препорачувам да ја ставите на вашата листа.“

На својот Инстаграм профил Дида објави и забавни факти за Македонија:

  • Во државата има 2 аеродроми.
  • Граничи со 5 соседи.
  • Мајка Тереза е Македонка, родена е во Скопје. Денес, има музеј посветен на неа во Скопје.
  • Територијата на Македонија е 85% планини.
  • Охридското Езеро е едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа.
  • Македонија има град со 365 цркви.
  • Македонија е дом на вториот најдобар крст во Европа (се мисли на Милениумскиот крст на Водно).
  • Во Македонија нема Убер.
  • Македонија се осамостоила од Југославија, без да падне ниту една капка крв во 1991 година.

Скопје

Охрид

На следната страна фотки од патувањата на Дида низ светот...



Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Ова е тажно да се види“ – Македонско-унгарско патувачко семејство ја открива (не)убавата страна на ...  „Не ни се потребни ни половина од овие работи“, вели македонската снаа од ...
Како се дотеруваат познатите Македонци кога се гости на свадба? Актерката Дарја Ризова во фустан со отсечоци, Атанас Атанасовски во црно покрај ...
Александра Шијакоска со потег за пофалба: „Секоја година реновирам по една соба во домот на моите ро... „Секоја година си реновирам по една соба во куќата на родителите. Ова е дневната...
11 познати Македонки кои имаат завидно деколте и зрачат со самодоверба Oд Ведрана Ѓорѓевиќ и Ирина Камилоска до Сузана Гавазова и Елена Велевска, кои п...

Најчитани неделава