Maкедонка стана мајка на 51 година - не се откажа од намерата да има свое дете

Над 10-тина претходни обиди со ин витро постапки, не ја обесхрабрија оваа жена во намерата да има свое дете. Браво жено, мајко, кралице! Вакви вести се позитива на денот. Сега е мајка на син.

makedonka-stana-majka-na-51-godina-ne-se-otkazha-od-namerata-da-ima-svoe-dete-01.jpg

Кога има желба и истрајност, тогаш има и резултати. Жена од Македонија не се откажа од својата битка да се реализира во улогата на мајка и сега на 51 година таа доби син.

За оваа емотивна ситуација на социјалните мрежи детали споделуваат одговорните од болницата Плодност.

Нивната објава за убавата вест гласи:

„Животната желба да има дете, беше пресудна за нашата пациентка, која и покрај возраста, со својата упорност, верба и надеж, на свет донесе машко бебе на 51 година во Болница Плодност.

Со оглед на возраста, ова е храбар потег на гордата мајка, но и голем успех за ИВФ тимот на „Плодност“. Над 10-тина претходни обиди со ин витро постапки, не ја обесхрабрија мајката во намерата да има свое дете.

Пресуден момент за бременост на нашата пациентка беше тестот за ендометријална рецептивност, односно ЕРА- тестот, за да ја утврдиме рецептивноста на ендометриумот. На овој начин ја имавме информацијата за точниот час од прозорецот на имплантација на ембрионот, кој беше најважниот момент за бременоста на нашата пациентка.

Успехот во цел овој процес навистина предизвика огромна радост и кај пациентката, но и кај нашиот ИВФ тим, кој покажува дека упорноста и знаењето, даваат врвни резултати.

makedonka-stana-majka-na-51-godina-ne-se-otkazha-od-namerata-da-ima-svoe-dete-02.jpg

Ова не е прв случај пациентки кои имаат над 50 години, преку ин витро постапки да станат мајки кај нас. Досега, три пациентки на 50 години, две на 52 години и една на 51 година, преку ИВФ постапките во нашата болница, забремениле и донеле на свет свое дете“ рече прим. д-р Таше Трпчевски, по големиот успех кој го постигнаа заедно со ИВФ тимот на Болница „Плодност“.

makedonka-stana-majka-na-51-godina-ne-se-otkazha-od-namerata-da-ima-svoe-dete-04.jpg

Среќната мајка, која ја сподели својата радост со јавноста, истакна дека желбите навистина стануваат реалност, но за тоа е потребна упорност, верба и секако, добар медицински тим.

Таа изрази посебна благодарност до ИВФ тимот на Болница Плодност, кои беа со неа во текот на целата фаза во процесот, од забременување до породување.“

makedonka-stana-majka-na-51-godina-ne-se-otkazha-od-namerata-da-ima-svoe-dete-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка во бизнис класа кон Маврициус на меден месец, со Chanel лепенки под очи - сака да биде анг... „Дали ова се важи за меден месец, ако ние постојано летаме некаде?“, се пошегува...
Антониа Гиговска: „Психички бев лошо по породувањето - имав притисок во глава дека не сум добра мајк... „Поминував низ стварно тежок период, добивав безброј коментари дека кариерата се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Мајка од Скопје го носи синот во градинката, каде таа одела како дете - Си играла на истото вовче пр... „Во 1993 година бев мало девојче кое со насмевка си играше на истото вовче во гр...

Најчитани неделава