Дарко Влогс со солзи во очите за анксиозноста: „Првата сопруга ми беше патолошки лажго - имав тежок период, се гушев“

Треба да се занимаваш, да пешачиш, трчаш, имаш милениче...

Јас тогаш најдов решение – играње Дота. Пробав со оваа игра, станував наутро и тоа го правев од утрото до вечерта и така 6 месеци константно.

Тогаш ми се намалија нападите затоа што се уморував од играње.

Потоа земав работна дозвола, возачка дозвола, стресот од враќање дома се изгуби. Сфатив дека треба работа, штедење и да успеам.

Дотата многу ми помогна. До ден денес имам последици од анксиозноста, не можам да кренам на телефон кога ми се јавувате, сакам преку пораки да ги решам работите, од журки со многу луѓе ме фаќа паника...

Среќа ми е Бебо (сопругата Даниела од Битола), таа е мојот баланс за сите мои работи. Со неа можам да се опуштам меѓу луѓе, да прошетам каде сакам, да направам муабет кога сме со друштво. Со неа се чувствувам посигурен, се опуштам.

Дечки, ова е мојата борба со анксиозност и се надевам дека со ова видео ќе ме разберете сите што не правев муабет со вас.

Полесно ми е кога можам јавно да кажам низ што поминувам.

Супер сум дечки, ова е само момент. Сега ќе спуштам камерата, ќе изиграм една Дота и ќе се опуштам.“

https://www.instagram.com/p/CbcSOAtu0to/

По емотивното видео, Дарко на Инстаграм Стори објави:

„Мене ми е многу полесно откако ја споделив оваа информација за мене. Позитивата и мемињата супер ме одржуваат низ цел ден за да заборавам на тој период.

Паничен напад немам добиено повеќе од една година. Јас најдов решение и успевам да ја контролирам анксиозноста, како и многу други, се надевам после ова видео, ќе успееш и ти самиот да сфатиш што треба да направиш за да најдеш решение.“

darko-vlogs-so-solzi-vo-ochite-za-anksioznosta-celata-panika-se-sobirashe-vo-mene-prvata-sopruga-mi-beshe-patoloshki-lazhgo-04.jpg

Прочитајте и Свадбата на Хаваи на Дарко Влогс и Даниела низ фотки + ги откриваат сите детали ексклузивно за CRNOBELO.com

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
Фудбалерот Дарко Велковски и Тамара Чуприна подготвуваат свадба со сите адети, 18 месеци откако се в... Со многу адети, месење домашна погача и редење на венче на влезната врата, Тамар...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Мартија Станојковиќ првпат се појави во јавност со дечкото - заљубена, блеска покрај него на свадба ... Мартија во текот на летото 2023 на Инстаграм стори објави фотка на која покажа д...
Фудбалерот Дарко Глишиќ за CRNOBELO: „Пожарот беше и во моето родно место Мршевци, покрај Ајватовци ... „Пожарот беше во моето родно место, село Мршевци, но беше зафатено и селото Ајва...
Почина Драги Шпага - првиот победник во македонско реално шоу Драги Христов, попознат како Драги Шпага почина на 52 години по кратко и тешко б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg