Македонка објави фотографија како плаче: „Нервозна сум, не ми се прави ништо, се чувствувам разочарано - се соочувам со анксиозност“

„Години наназад мислев дека е депресија, ама и тие две одат заедно, затоа не си ни сигурен. После одреден период виновник ги правев ПМС периодите. Некогаш кога ќе ги изброиш деновите, па нешто не ти се поклопува, си викаш период е, нормално е, секој поминува некогаш низ тоа, и на крај сфаќаше дека периодот трае предолго и нешто не е ОК со тебе...“, искрено раскажува Маргарита Каранфилов (27) од Радовиш, мајка на две деца.

makedonka-objavi-fotografija-kako-plache-nervozna-sum-ne-mi-se-pravi-se-chuvstvuvam-razocharano-se-soochuvam-so-anksioznost-01.jpg

Маргарита Каранфилов (27) од Радовиш, дипломиран економист, а моментално вработена во книжарница, е мајка на две ќерки, Анамариа (5) и Георгина (4).

Таа на својот Инстаграм профил отворено споделува детали од секојдневието со своите следбеници, па така неодамна објави фотографија на која плаче и проговори искрено за анксиозноста.

Нејзината емотивна исповед:

„Денес решив да ја објавам, изгледа заради тоа што се чувствувам исто како тогаш кога сум ја сликала, а почна да ми се случува многу често.

Знам дека сликава ќе има можеби најмногу споделувања досега, ќе бидам исмејувана, озборувана, и да ви кажам воопшто не ми е гајле за тоа. Не треба ни Вас да ви биде грижа за тоа што мислат другите, бидејќи не живеете за другите.

Тоа низ што поминувате, дали добро или лошо, поминувате лично вие, а не другите.

Овде на социјални мрежи сè е розово, сите се сакаат, сите патуваат, сите се среќни ама верувам дека многу голем процент се чувствуваат исто како јас што се чувствувам периодов, ама прикажуваат сосема друга слика на другите. Чест на исклучоци, кои се реални и кои собираат храброст да споделат со јавноста за своите чувства, болести, анксиозност и панични напади итн.

Мојава ситуација не може ни да се спореди со тоа низ што сè поминуваат некои луѓе, фала му на Господ што ми се здрави и прави децата, јас и тие околу мене, ама некогаш доаѓаат и „неубави“ денови, недели, па и месеци во животот.

Се чувствувам осамена, плачам и на песна, некогаш ми пречи голема врева, сакам мир и тишина, постојано сум замислена, мислиш дека те слушам додека ми правиш муабет и тоа одвраќам само со „Да, да“ и климање со главата, нервозна сум, не ми се прави/работи ништо, се чувствувам разочарано.

Ми се оди на некоја планина и да се извикам на цел глас, да излезе сето тоа што се собирало во мене долг период и да отидам некаде далеку од сите, сама, без телефон и интернет.

Животот е убав луѓе, само ние си правиме сами во главата да мислиме некогаш дека животот не е убав.

И да, свесна сум за истово што го напишав, ама ете, не се чувствувам убаво, не се чувствувам среќна.

Се надевам периодов ќе помине што побрзо и дека нема никогаш да се повтори, а јас ќе се потрудам да биде така, бидејќи животот е многу краток.

Ќе им се радувам на децава, ќе се потрудам со нив и заради нив да го поминам ова, бидејќи знам дека тие му се единствениот лек на душава.

Радувајте се на времето поминато со најблиските и на малите работи бидејќи никој не знаеме што нè чека утре.

Останете ми живи и здрави.

П. С. Не ми пишувајте дека сум храбра што ја објавив сликава и текстот, и што сум признала пред сите бидејќи НЕ СУМ! Ако бев храбра, ова ќе го поминев многу одамна и брзо, или немаше да дозволам воопшто да ми се случи.

makedonka-objavi-fotografija-kako-plache-nervozna-sum-ne-mi-se-pravi-nishto-se-chuvstvuvam-razocharano-se-soochuvam-so-anksioznost-02.jpg

Приказната како Маргарита се справува со анксиозноста продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото) „Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покр...
Македонка направи уникатно откривање на полот на бебето со торта со обоена внатрешност (фото+видео) „Ова беше огромно изненадување, бидејќи според генетската историјата на семејств...
Даниел Кајмакоски среќен покрај сопругата и синот: Црвени капи и празнични аутфити во домот во Белгр... „Се надевам дека уживавте во последните денови од оваа година до максимум. Сите ...
Вирален хит: Македонка во забавно видео покажа како звучи нашиот јазик со различни странски акценти „Ма леле колко јас сакам да причам македонски – водата, лоптата, масата, топката...
Стефан Лазаров прави свадба со Марта - бели гулаби пред црква, традиционални обичаи: „По 7 години вр... „Во врска сме скоро 7 години. Се запознавме во 2016-та година, Марта беше сè ушт...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg