Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Бајковита свадба на пар од Македонија во Ватикан, со благослов од Папата Франциск – први на Балканот (фото)

За CRNOBELO.com Ива и Антонио споделуваат детали за својата свадба:

„Сакавме да направиме поинаква венчавка. Како туристичка дестинација Рим отсекогаш ни бил една од најубавите и најромантичните дестинации на светот, па затоа решивме да биде токму таму, поточно во базиликата Свети Петар во Ватикан.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-03.jpeg

Самата процедура на организација, како и за секоја свадба, беше тешка, но кога станува збор за Ватикан сè е уште потешко затоа што има посебен протокол и правила.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-04.jpeg

Обезбедувањето на целокупната документација за да се одржи самата венчавка беше најтешкиот дел, но затоа со помош на нашиот свештеник Дон Давид сè се изреализира како што беше планирано.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francisk-prvi-na-balkanot-foto-001.jpg

Дон Давид потекнува од Еквадор, но веќе извесен период е на мисија во Македонија. Одлично говори и македонски и италијански јазик, па навистина сме му благодарни за целиот вложен труд да ја истера организацијата до крај.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-19.jpeg

Протоколот за влез во Ватикан беше многу строг. Имавме однапред испратено листа на гости, кои ќе присуствуваат на свечената церемонија.

Откако Ватикан го одобри списокот, ни дадоа специјални ВИП пропусници за посебен влез, каде што нема туристи. Оттаму можевме да пристапиме директно во базиликата и со тие пропусници можевме да ја поминеме италијанската полиција и швајцарската гарда.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-09.jpeg

Црковната церемонија беше прекрасна и бевме воодушевени од величествениот пречек со арија на оперска пејачка и оргули.

Базиликата Свети Петар секогаш е полна со верници и туристи кои и за време на нашата венчавка ракоплескаа, извикуваа честитки и нè фотографираа.

Кога има свадбена церемонија, се затвораат портите на капелата што е само за венчавки во самата Базилика, но имаше и момент кога група на туристи сакаа да влезат да присуствуваат на венчавката. Сепак, полицијата им забрани и ја затвори железната ограда да нема влез и излез додека е венчавката.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-08.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Пар од Пакистан ја посети Македонија: „Ќебапчиња во чаршија, пештерата Врело – уживавме во вашиот гл... Пар со потекло од Пакистан, кој живее во САД, ја посети Македонија. За CRNOBELO....
Бајковита забава по повод 3-ти роденден на девојче од Скопје - со тема „Прасето Пепа“ (фото+видео) Со шарени балони и колачиња со „Прасето Пепа“, малата модна инфлуенсерка Фрида г...
Бајковит 3-ти роденден во Крива Паланка со многу балони и модно усогласени мајка и син (фото) Роденденска забава со торта на два ката со диви животни и многу балони, но и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg