„На среќата ѝ нема крај“ – Сара Мејс и бебето Кирил ја напуштија болницата, Илина не се одделува од мајка си

„На среќата ѝ нема крај“ – напиша популарната македонска пејачка и харфистка Сара Мејс до фотографиите на кои се гледа како заедно со ќерката Илина и сопругот Димитар Атанасовски ја напуштаат болницата.

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-01.jpg

Сара ја напушти болницата во краток светло зелен фустан, а објави и повеќе фотографии од синчето Кирил и ќерката Илина.

По неколку денови поминати во болница, Сара објави фотографии со кои најави дека си одат дома заедно со новиот член на семејството. Димитар го носи бебето во транспортер, а малата Илина се држи до мама.

Претходно во Инстаграм Стори пејачката покажа дека големиот македонски празник Илинден и именденот на нивната ќерка го поминале разделени.

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-05.jpg

„Кирил, добредојде. Сестричкава, татково и мајкава те сакаат најмногу на свет! Едвај те чекавме, нè прерадува! Да си ни жив и здрав, да нè радуваш и добро да делуваш“ – напиша таа до фотографиите.

Инаку, за потсетување, Сара Мејс и Димитар минатата недела (на 20.07.) го добија своето второ дете, синот Кирил, а Илина доби вратче.

Погледнете ги новите фотографии со бебето Кирил:

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-02.jpg

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-03.jpg

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-06.jpg

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-07.jpg

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-08.jpg

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-09.jpg

na-srekjata-i-nema-kraj-sara-mejs-i-bebeto-kiril-ja-napushtija-bolnicata-ilina-ne-se-dvoi-od-majka-si-10.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се ожени синот на Дац – ексклузивни фотографии од свадбата на актерот Јаков Спасов и неговата сакана... „Ме запроси сосема во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да гледаме ...
Илина Арсова на крајот од декември, во полутанга бикини, влезе во Охридското Езеро (видео) Илина Арсова обожава предизвици и авантури, па така денес 25-ти декември собра х...
Сара Мејс во осмиот месец од бременоста влезе во базен со ајкули, заштитена во кафез (видео) „Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg