Сара Мејс со тон емоции и стари фотки се прости од своето куче Атос: „Беше фраериште, ќе фалиш бескрајно“
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
„Никогаш нема да заборавам една случка, бев 9-ти месец трудна со Илина и тргнавме да се качуваме на планина. Се качивме што се качивме, ама за симнување не можев чекор да пуштам. Атос се врати по мене, се залепи до мене цврсто и така се спуштивме, јас потпирајќи се на него…“, напиша Сара во емотивната објава.

Пејачката и харфистка Сара Мејс, преку Инстаграм откри дека почнал нивниот миленик, кучето Атос.
Атос беше дел од семејството на Сара и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски уште пред таа да го роди нивното прво дете.

Колку што таа и Димитар го сакаа Атос, толку со него беа приврзани и нивните две деца, па Сара не може да ги скрие емоциите по големата загуба за нивното семејство.
„Ќе фалиш бескрајно…. Ти не беше куче, ти беше кучето човек… дел од целото наше постоење….
Присутен на сите важни и неважни моменти за нас, другар со сите наши другари, чуван од цела фамилија како прво дете во ова семејство, сакан од сите…

Ти не беше само миленик, ти беше моето прво запознавање со толку неверојатно нешто како тебе…
Куче со карактер, со срце планина, најголем другар во Универзумот… Никогаш нема да заборавам една случка, бев 9-ти месец трудна со Илина и тргнавме да се качуваме на планина… Се качивме што се качивме, ама за симнување не можев чекор да пуштам. Атос се врати по мене, се залепи до мене цврсто и така се спуштивме, јас потпирајќи се на него…

Буквално ме спушти до доле… Ете такво куче беше Атос… Фраериште. Така и си замина, со стил.
Никогаш нема да си заборавен! Ќе се сретнеме пак. Дотогаш, ќе болиш секој ден“, напиша таа на Инстаграм.
Погледнете ги фотографиите:













А. Ј. | Црнобело