Детски цртеж среде Скопје од дете што го бара своето маче - љубовта на децата кон милениците во една фотка

„Се бара Маза Попова“ – фотографија од детски цртеж залепен на бандера во центарот на Скопје масовно се споделува на социјалните мрежи. Ова ни ја потврдува неизмерната љубов што дечињата ја имаат за своите миленичиња. Ако некој ја видел Маза да му помогне на ова детенце да ја најде.

detski-crtezh-srede-skopje-od-dete-shto-go-bara-svoeto-mache-ljubovta-na-decata-kon-milenicite-vo-edna-fotka-01.jpg

Кога миленикот ќе се загуби тоа честопати може да биде вистински шок за сите членови на семејството, а најтешко загубата ја поднесуваат најмладите членови во семејството.

На социјалните мрежи деновиве се споделува фотографија од постер нацртан со детско раче, во кој сопственикот ја нацртал својата мачка Маза и ги моли сите да се јават на напишаниот телефонски број.

„Маза Попова е изгубена тој што ќе ја најде да се јави на овој број...“ - пишува на цртежот на кој можеме да видиме дека Маза е маче во црна и бела боја.

„Случајно налетав на овој постер и го споделувам со надеж дека некој ќе им помогне на Маза и на нејзиниот прекрасен мал уметник. П.С. Локација Капиштец, околу ‘Зебра’“ – напиша до објавата нашата позната ликовна уметница Инес Ефремова.

Засега не е познато дали малиот уметник успеал да го најде своето милениче, но оваа фотографија е вистински доказ за тоа колку е чиста детската љубов, како кон нивните миленици, така и кон другите членови на семејството.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава