Со забава во диско стил, со многу музика, другарчиња и интересна торта, ќерката на Тамара Тодевска го прослави својот 9-ти роденден.
Сè е повкусно во природа, зарем не? Свежа салата, лепче со кајмак, студено узо или ракија, тиквички на скара, плус природа - рај за сите сетила. Кој ви е омилен локал со зеленило?
„Реакцијата на Брајан беше искрена, со огромна насмевка и едно долго WOOOOW. Очекуваме да ја носи на некој следен настап“ - вели за CRNOBELO.com, Сатја Грабулоски, кој со неговиот тим изработи јакна со ликот на популарниот пејач и му ја подарија викендов на неговиот концерт во Скопје.
„Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби, и на Дарен му викам: ‘Другарка ми Маја сака да те праша нешто... Сака да те праша кај работи мајка ти?’..“, ја започнува Тијана приказната за внукот Дарен.
Во бикини покрај базен, на прошетка низ градот, на вечера со сопругот, а друштво им прави и нивниот син - пејачката Аделина Тахири ужива во секој момент поминат во Дубаи.
„Некогаш сабота вечер значеше шминка, „што да облечам“ драма... Сега, сабота навечер изгледа како трка со времето: Дали сите заспаа?, Дали имам уште сили да гледам филм до крај? Или сепак ќе заспијам и јас пред да ја дочекам машината да заврши?“, гласи статусот на Зорица Николовска, во кој ќе се пронајдат многу мајки.
Со две торти - едната бела, а другата розова, Марко „Дај побрзај“ и неговата сопруга, го прославија 1-иот роденден на нивните близначиња.
„Се запознавме во Португалија и далечината ни беше проблем, но љубовта победи. Прво, јас бев во Бразил на 3 месеци, па таа беше тука 3 пати по 3 месеци. Прво место на кое ја однесов беше Канео“, вели Славчо Јованоски (24) од Охрид за CRNOBELO.com.
Едина Муса го шета синот, а Елена Ристеска се пошегува дека полни 19 години со видео со кул аутфити. Антониа Гиговска, пак, се појави на Моден викенд во сакото од дедо ѝ и се пошегува: „Сакото на дедо победи“.
„Инфлуенсер си секаде каде што ќе ти ја осетат енергијата и ќе ти дадат попуст, со срце“ - напиша Миа Костова на една од фотките од Сицилија, каде што ужива со синот и со Тијана.
„40 дена тага, болка, празнина... И те нема и секаде те има, неизбежно те има... во себеси те носам“ – Ана, придружниот вокал на ДНК, која заедно со Сара беа неразделни две децении и настапуваа на голем број концерти заедно се потсети со спомени на колегите.
Ирина Камилоска повторно организира групи мајки со бебиња на Водно, а овојпат во групата е и нејзината пријателка Едина Муса. „Денес Максим за првпат се прошета на Водно...“, сподели таа.
Од вкусни специјалитети до прошетки и прегратки со саканиот, Катарина Ивановска уживаше во „Вечниот град“ со саканиот...
Елена Најдоски, Викторија Лоба, Ненад Ѓоргиевски се само дел од нашите познати личности кои го поминаа велигденскиот викенд во Грција. Иван Јованов, пак, беше во Охрид - родниот град на неговата сопруга, а Маја Вукичевиќ испрати поздрав од сончевиот Сиднеј.
Во 2023 се ожени, во 2024 го доби прво дете, а сега го чека и второто – со слатко видео со неговите раце и дланките на сопругата и ќеркичката, ја открија ехо снимката и напиша 3 + 1 = 4.
„Сакав луѓето да ја слушнат мојата страна на приказната - каде бев последните години и низ што поминав. За некој да воскресне, прво мора да умре. Не мора тоа да е физичка смрт - но за да станам нова верзија од себе, најпрво морав да ја победам старата“, вели Таско за CRNOBELO.com.
„Твоите генијални текстови ДУПЛА ВОТКА и ДАЈ ДА ЗАСПИЈАМ остануваат за сите генерации и за сите времиња. Е па мајсторе, друже мој...со скршено срце и со една дупла во твое име, те оставам мирно да заспиеш и да заминеш во легендите“ - напиша Дарио во емотивната објава по починувањето на Тоше Поп Симонов, а и другите колеги и пријатели се збогуваа од него на социјалните мрежи.
Драган Спасов Дац има 61 година и целосно е посветен на музиката, актерството и внуката Гаиа, Влатко Стефановски е речиси на прагот од 70-тата година, а Владо Јаневски и на 64 години го ужива ексцентричниот моден стил. Кои познати Македонци се во седмата деценија од животот?