Мајка од Скопје со хит статус: „Некогаш сабота вечер излегував, денес - ја чекам машината да заврши со перење“

„Некогаш сабота вечер значеше шминка, „што да облечам“ драма...  Сега, сабота навечер изгледа како трка со времето: Дали сите заспаа?, Дали имам уште сили да гледам филм до крај? Или сепак ќе заспијам и јас пред да ја дочекам машината да заврши?“, гласи статусот на Зорица Николовска, во кој ќе се пронајдат многу мајки.

majka-od-skopje-so-hit-status-nekogash-sabota-vecher-izleguvav-denes-ja-chekam-mashinata-da-zavrshi-so-perenje-01.jpg

Зорица Николовска, водителка на радиоемисијата „Тик Так и Зорка“, е мајка на две деца, синот Мартин и ќерката Јана, кои ги има од бракот со сопругот Горан.

Таа често споделува детали од мајчинскиот живот на својот Инстаграм профил, а сега имаше една искрена објава во која ќе се пронајдат многумина.

Нејзината објава гласи:

„Некогаш сабота вечер значеше шминка, „што да облечам“ драма... па кафичи, музика, другарки, приказни што траат до зори.

Долги години веќе не е така.

Сега сабота навечер изгледа како трка со времето:

Дали сите заспаа?
Дали имам уште сили да гледам филм до крај?
Или сепак ќе заспијам и јас пред да ја дочекам машината да заврши?

Ќе те излажат тие што велат дека мајчинството не менува ништо.
Сменето е сè!

majka-od-skopje-so-hit-status-nekogash-sabota-vecher-izleguvav-denes-ja-chekam-mashinata-da-zavrshi-so-perenje-02.jpg

Ти се менува срцето, приоритетите, навиките... дури и саботите.

И знаеш што?

Иако некогаш ми недостигаат тие безгрижни излегувања, денес имам нешто што не се менува никогаш — љубов што го полни секој агол од душава.

Некогаш живеев за саботните ноќи.
Барав среќа во разиграните рефлектори додека трае мојата омилена песна...
Денес, среќата ја наоѓам во насмевката на моето дете.

И знаете што?

Сјае посилно од било кој рефлектор“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава