Едина Муса првпат го качи синот на Водно: „Преубаво ни беше со Ирина Камилоска и нејзината војска од мајки“
- Детали
- среда, 23 април 2025
Ирина Камилоска повторно организира групи мајки со бебиња на Водно, а овојпат во групата е и нејзината пријателка Едина Муса. „Денес Максим за првпат се прошета на Водно...“, сподели таа.

Ирина и Павле Камилоски ја добија ќеркичката Лена на 13 јануари 2025, една и пол година по раѓањето на синчето Јосиф, а сега Ирина одново почна да прави организација на мајки со бебиња на Водно.

Како со синот Јосиф, сега така започна и со ќерката Лена во кенгур да се искачува на Водно, а притоа со себе да кани и други мајки преку социјалните мрежи.

Сега, во нејзино друштво беше и нејзината пријателка Едина Муса со својот син Максим. Едина се породи на 19-ти февруари.

Едина на својот Инстаграм профил денес (23.04) напиша:
„Денес Максим за првпат се прошета на Водно. Преубаво поминато време со Ирина Камилоска и нејзината војска од мајки со бебиња.
Фала ти за целата организација“.


Потсетете се и Ирина Камилоска за одењето на Водно со 3-месечниот син: „Го дојам синот на јавни места, се качуваме повеќе мајки заедно“
С. С. | Црнобело