Наша верна читателка ни испрати прекрасни фотографии од кокичињата во нејзиниот двор во скопската населба Пржино, а и вокалистката на групата Ареа, Ружица М. Брчиоска објави прекрасни фотки од нив. Мириса на пролет, зарем не?
„Џонатан и Лила станаа родители на 2 мали пингвинчиња - Лила своето име го има добиено по нашата позната водителка, па затоа таа денес дојде во Скопје ЗОО и ги почести вработените и посетителите на традиционалниот македонски начин, со мекици“, велат за CRNOBELO.com од Зоолошката.
„На 17 години ми беше дијагностициран Хочкин лимфом, трет стадиум, но колку и да ми беше најтешкиот предизвик, најболна борба и пеколен период, јас сум најгорда на себе за тоа што ја освоив битката и сум победник“, вели Ана Брзанова за CRNOBELO.com по повод 4-ти февруари Денот на ракот.
„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг...“, започнува емотивната објава на Петар Ристов, кој ја изгуби својата сакана Фросина Кулакова.
„За вашето дете важен е кoeфициентот на отпорност (AQ). Тоа е мерка на вашата способност да поминете низ тежок период во животот и да излезете од него без да го изгубите разумот“, вели наставникот Гоце Бумбароски. Ова е поважно дури и од коефициентот на интелигенција, зарем не?
Тијана Дапчевиќ вчера (03.02) го прослави својот 49-ти роденден, а нејзината помала сестра Тамара, помина скоро 450km за да ја изненади.
„При крај на 40-та недела, почнав да се чувствувам како моето тело да ме „изневери“, бидејќи процесот не започнува природно. Беше тешко, но вредеше“, напиша Софија Јанева.
„За жал, лежам на клиника со тешка пневмонија. Со денови не можам глава да кренам и си викам од утре ќе биде полесно, но не е...“, гласеше една од искрените објави на Сандра Кирков, која повеќе од еден месец лежеше на клиника, но сега конечно е здрава и дома и вели дека имаме медицински лица со срце планина.
„Наутро температурите во делови и од Македонија, особено во Пелагониско и беровскиот регион, ќе се спуштат и до околу -10 степени Целзиусови“, вели Славчо Попоски за претстојната недела.
Игор Џамбазов напиша: „Стариот мој. Денес ќе наполнеше 89. Колку дедо Петре. А малку повеќе од другарот Тито. Одмарај стари...“ Ракометарот Филип Кузмановски со сопругата Моника и бебето беше на мини одмор, Елена Најдоски со сопругот во Солун, а Димитар Атанасовски објави видео од Копаоник како Сара Мејс им дава упатство на дедовците, кои им ги чуваат децата, како да им направат инхалација.
Во 17 часот со триминутен молк започна протестот под паролата „Секој еден може да е следен“ – толпа народ, меѓу кои и таткото и сестрата на Фросина Кулаковска, со моќни транспаренти, извици „нема правда, нема мир“ се собраа на местото каде трагично го загуби животот младата дизајнерка и го започнаа маршот.
Срцето ви се кине од сликата пред вас - мајки со бебиња кои не сакаат истото да се случи и на нивните деца, соученици на Фросина, средношколци, пензионери. А во целата таа топла, траорна тишина и шепот, за да не се наруши мирот на Фросина, која денес беше погребана.
Убавата Душица oд Струмица, во дресот на Хрватска, го бодреше својот сакан од трибините, па се дружеше со сопругите на другите ракометари. Браво, Хрватите извојуваа неверојатна победа!
„Денес, кога прочитав дека повторно на истата улица, кај Универзална, згаснал млад живот, а девојката се вика Фросина, ја почувствував истата болка како дента кога јас ја изгубив мојата Фросина, а болката која ја доживеав тој 3 април 2015, денес е исто толку голема“ - пишува Исидора од Крива Паланка, чија најдобра другарка беше прегазена на истото место.
„Две семејства. Во едното расте момче коешто на 20 години зад себе веќе има криминално досие, а во другото расте девојче кое што на 22 години е полно со елан и визија за иднина. Две семејства се закопани со еден удар. Едното од тага по изгубеното чедо, другото затоа што создале убиец...“
„Таму каде и ти сега си ѕвезда сјајна, таму е поубаво и почисто, безгрижно и бајковито, оти злото не знае да лета, а и да знае, од Бога се плаши...“
„Многу е сомнителен муабетот дека летен одмор е подобар од зимски“, напиша Сара Мејс во описот од вториот одмор на Копаоник годинава, овој пат без децата.
„На никој од нас не му се совршени сите денови… Позади сцената има и многу други моменти кои не се толку забавни за споделување, но тука се случуваат - секогаш и на сите“, споделува Ангела Костовска од Скопје.