Расцветаа кокичињата во Македонија - Има ли поубаво? (фото)

Наша верна читателка ни испрати прекрасни фотографии од кокичињата во нејзиниот двор во скопската населба Пржино, а и вокалистката на групата Ареа, Ружица М. Брчиоска, објави магични фотки од нив. Мириса на пролет, зарем не?

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-01.jpg

Дали и вие се радувате како дете кога ќе видите кокиче? Дали ви прави топло на душата кога овие предвесници на пролетта ќе успеат да излезат и да расцветаат?

Тие храбро ѝ пркосат на зимата и се мевлем и за очи и за душа.

Нашата верна читателка Кети Петровска ни откри дека во нејзиниот двор во скопската населба Пржино годинава првите кокичиња расцветале на 15-ти јануари, а сега ги има толку многу што дворот е како сцена од бајка.

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-12.jpeg

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-03.jpeg

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-04.jpeg

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-05.jpegфото: Кети Петровска

Вљубеник во кокичињата е и вокалистката на групата Ареа, Ружица М. Брчиоска, која со својот фотоапарат, кој го носи насекаде, улови прекрасни кадри, направени во нејзиниот роден град Гостивар и ги сподели на Фејсбук.

Кокичињата се првите растенија кои цветаат пред и официјално да започне пролетта и тоа пред да се стопи снежната покривка. 

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-10.jpg

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-09.jpg

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-08.jpg

ima-li-poubavo-kokichinjata-rascvetaa-vo-makedonija-07.jpgфото: Ружица М. Брчиоска

Имаат посебна магија, зарем не?

 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Не е Норвешка. Не е Алјаска. Не се Доломитите – Македонија е (фото) „Нè пречека густа магла што ги бришеше видиците и ги криеше патеките. Чекоревме ...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...
Влече куфер на снег на -11˚C: Марис покажа како ѝ изгледа враќањето од Македонија во Шведска „Во Шведска секаде има лифтови и ова не треба да го правиш, ама тука, баш во мое...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...

Најчитани неделава