Влече куфер на снег на -11˚C: Марис покажа како ѝ изгледа враќањето од Македонија во Шведска
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
„Во Шведска секаде има лифтови и ова не треба да го правиш, ама тука, баш во моето маало, има една угорница и опциите се скали и рампа. Нема лифт и ме измори навистина...“, споделува Марис, која по 3-часовниот лет со авион, има уште 2 часа со воз до нејзиниот дом во Шведска.

Модната инфлуенсерка Марија Илиев од Штип, позната како „Марис“, има повеќе од 64.000 следбеници на Инстаграм, а во Шведска живее со сопругот.
Таа неретко на својот Инстаграм профил споделува детали од животот таму.
Често патува на релација Македонија-Шведска, па сега по посетата на Македонија, од каде беше и на одмор во Египет со својата другарка Јелена Спенџарска, покажа како ѝ изгледа пристигнувањето во Шведска.
Од влечење куфер од 30 килограми на снег на -11˚C, облечена во патики, бидејќи не си земала чизми за патувањето во Македонија, па до цвеќето дома кое речиси ѝ се исушило, затоа што и нејзиниот сопруг моментално не престојува во Шведска.

На Инстаграм Стори таа сподели:
„Mojaта чудна особина е дека истиот ден кога ќе се вратам во Шведска, ќе бидам најпродуктивната личност на свет, веднаш ќе почнам да едитирам видеа, да враќам на мејлови, да средувам по дома, а всушност немам сила за ништо од тоа бидејќи летот ми е во 6 часот наутро (што значи дека треба да станам во 3 по полноќ, да се доспремам и тргнам накај аеродром).
Всушност, цела таа вечер кога патувам ми е неспиена. И слетувам во 9 наутро, па од аеродромот земам воз и се возам уште 2 часа до дома.
Како и да, овојпат имав и куфер од 30 килограми, па еве како изгледаше мојот вчерашен ден преку фотографии. Имам и ранец плус...
Инаку, во Шведска секаде има лифтови и ова не треба да го правиш, ама тука, баш во моето маало, има една угорница и опциите се скали и рампа (поточно ова на фотографијата). Нема лифт и ме измори навистина.

Ама едвај чекав да си дојдам домче!
Пред да одам за Македонија си купив големи платна за да си нацртам уште неколку слики со мотивациски пораки.
Една од најубавите работи во Шведска ми е дека кога и после долг пат влегувам во станот и е толку светло и топло, а не дневната плус 25 степени, а купатилото минус 10 (трауми од детството ха-ха).

Инаку, кога се разбудив после пет часа, бев како дезориентирана, плус дека надвор темно и не сум го слушнала алармот од умор. Се истуширав и конечно го распакував куферот...“
Потоа покажа и во каква состојба си го затекнала цвеќето:



