„Ангелче мое, заедно растевме“ - Момчето на Фросина Кулакова сподели потресна објава по нејзината смрт
- Детали
- вторник, 04 февруари 2025
„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг...“, започнува емотивната објава на Петар Ристов, кој ја изгуби својата сакана Фросина Кулакова.
Петар Ристов, момчето на Фросина Кулакова (22), девојката по чија смрт Македонија е обвиена во црно, сподели трогателна објава на неговиот Инстаграм профил.
Тој направи видео од низа фотографии од среќни заеднички мигови со Фросина и напиша потресна објава.
На една од фотографиите тие заедно ги дуваат свеќичките на нејзиниот 16-ти роденден (фото долу десно).
Објавата на Петар за неговата сакана Фросина:
„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг.
Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај сè додека не си ја постигнеше зацртаната цел.
Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и нè зацрни да си ја добие заслужената казна.
Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин.
Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





