„Не сум тип кој ангажира студија за декорации, сакам да ја користам мојата креативност. Наместо фигури од фондан на тортата, направив топери што ми ги исекоа ласерски, а јас ги боев. За во градинка направив торта од хартија со креативни пакетчиња за децата наместо чоколади“ - раскажува за CRNOBELO.com Елена од Охрид.
„Ако си среќен доволно да имаш сестра, која исто така ти е најдобар пријател, тогаш знаеш дека имаш нераскинлива врска“, напиша за Моника за Мина на Инстаграм.
„Во Македонија под влијание на серија изразени влажни воздушни бранови ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни, поројни и проследени со појава на грмежи“, вели Славчо Попоски.
„Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и за бањање и за менување пелени и буквално можам сè да правам“, вели Марко Новески за малите Вања и Веда, кои ги доби со саканата Цена.
Уште на првиот концерт во Австралија, момците од „Либеро бенд“ и Слаткар направија супер журка, која заврши со лепење пари на чело, а на Инстаграм тие споделија и моменти од нивното патување до Мелбурн и дружбите...
„Колку и да ги совладуваме обврските поделено, сè некако ми се чини дека жена ми полесно излегува на крај со сè...“, започнува моќниот статус на Столе Ѓорѓиевски.
„Jас сум едно од предвреме родените деца (роден во 29-тата гестациска недела со 950gr родилна тежина) и завршив медицински факултет“, вели доцент д-р Игор Исјановски, кој денес со нежност прв ги прегледува очињата на предвреме родените бебиња.
„Ако не ме гушнеш, допреш, бациш, забораваш да го правиш тоа зашто имаш поважни работи, извини, или ќе расчистиме или ќе најдам и јас утеха во друг што ќе ми возврати на сè она што јас 1000% го давам за тебе, како што наоѓаш и ти некоја утеха во друга за да ти е интересно, не за друго“, вели Антониа, која испровоцира јавна реакција кај многу мажи на тема изневерување.
Каратистката Моника Стефановска направи прв роденден на синот Давид и свадба со тенискиот тренер Илија, Перо Антиќ и Сања Ристиќ уживаат со децата во Маврово, Теа Ѓоргиевска, Мис Универзум на Македонија 2024, нè претстави на Мис Универзум во Мексико, а Соња Тарчуловска со забавна честитка за роденденот на сопругот...
Пипалата на плетениот октопод ги потсетуваат предвреме родените бебиња на папочната врвка во утробата, а мекото тело од главата, на постелката. Како плетените октоподи им помагаат на предвреме родените бебиња и зошто оваа данска метода се применува и кај нас?
За прославата на својот 50-ти роденден, Татјана избра црн фустан, а на главата носеше венче на кое пишува Happy Birthday.
Јелена Јованова ги криеше двете бремености од јавноста, за Влатко Лозаноски никој не знаеше дека очекува бебе, а Жаре „Еден на еден“ откри дека е татко дури 5 месеци по раѓањето на ќеркичката - кои познати Македонци „тајно“ добија дете?
Во ноември и декември има две куќни слави посветени на великомаченикот Георгиј. Денешниот ден е посветен на возобновувањето на неговиот храм во Палестина. Среќна слава на сите што слават!
Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, нашите претставници на Јуниор Евросонг 2024, утре (16.11) ќе пеат на најголемиот детски музички фестивал, кој оваа година се одржува во Мадрид, Шпанија.
Конечно снегче во Маврово и првите зимски пејзажи... Доаѓа најубавиот период од годината за во Маврово, ќе го посетите ли?
Ниски цени, голем избор на најразлични производи, дополнителни купони и можности за попусти… Сето ова направи компанијата TEMU за неколку месеци да стане една од најпопуларните во светот, а конечно ќе има достава и во Македонија. Што е TEMU и зошто го освои светот?
Македонки најавија акција во која ќе сплетат 250 капи, шалови, ракавици, елечиња за бездомни лица; кавадарчанка што изработува перики за онколошки пациенти, се стопи од благодарноста на една мајка... Кои позитивни вести ни ја направија оваа недела поубава?
2004-та беше плодна година и за музиката и за филмската индустрија во Македонија. Но, ќе остане запаметена и по трагедија – смртта на тогашниот претседател Борис Трајковски.