Ана и Алексеј возбудени пред настапот на Јуниор Евросонг: „Нема ривалство меѓу учесниците, ние сме меѓу омилените“

Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, нашите претставници на Јуниор Евросонг 2024, утре (16.11) ќе пеат на најголемиот детски музички фестивал, кој оваа година се одржува во Мадрид, Шпанија.

ana-i-aleksej-vozbudeni-pred-nastapot-na-junior-evrosong-nema-rivalstvo-megju-uchesnicite-nie-sme-megju-omilenite-01.jpg

Тие веќе имаа неколку проби, и во пресрет на настапот, кој ќе го следи публиката од цела Европа, не ја кријат својата возбуда.

За CRNOBELO.com, Ана и Алексеј, открија како се чувствуваат, со кого се дружат најмногу од претставниците на другите земји и по што ќе го паметат своето искуство на Јуниор Евросонг.

ana-i-aleksej-vozbudeni-pred-nastapot-na-junior-evrosong-nema-rivalstvo-megju-uchesnicite-nie-sme-megju-omilenite-02.jpg

Ана вели дека е подготвена за настапот:

„Енергијата пред настапот кулминира, адреналинот и возбудата растат.

Бидејќи имавме веќе неколку проби, каде технички ги средивме јачината на звукот и камерите, очекуваме на самиот настап достојно да ја претставиме Македонија.

Пробите се напорни и интензивни, но дружењето помеѓу земјите учеснички е навистина искрено и ривалството зад сцената скоро и да не постои.

Најмногу се дружиме со претставниците на Франција, Португалија и Албанија.

Анегдота нема, интересно е што сите учесници ја знаат и пеат нашата песна, што сме доста омилени помеѓу изведувачите и танчарите, па постојано ни приоѓаат да се сликаат со нас и да нè гушнат.

Евровизијата ќе ја паметиме најмногу по дружењето, но да оставиме да заврши и официјалниот настап, да ги средиме впечатоците па би ни било задоволство пак да се дружиме во CRNOBELO.com“.

ana-i-aleksej-vozbudeni-pred-nastapot-na-junior-evrosong-nema-rivalstvo-megju-uchesnicite-nie-sme-megju-omilenite-03.jpg

Слични впечатоци има и Алексеј:

„Имавме успешни проби и позитивната трема беше присутна, но сфатив дека откако ќе застаневме на сцената, таа исчезнуваше.

Превозбудени сме и среќни дека оваа година ние ја имаме честа да ја претставиме нашата Македонија.

Ќе го дадеме нашиот максимум достоинствено да ја претставиме пред европската публика.

Дружењето со останатите претставници, заедничките забави, пробите и настапот се нештата по коишто ќе го паметам ова наше евровизиско патување.

Да се биде претставник на Македонија е нешто посебно. За жал, не секое дете ја има таа можност да биде дел од ваков настан. Чувството е неописливо.

Подготовките поминаа во најдобар ред. Огромна благодарност до Љупка Јакимовска, која е главниот ‘виновник’ за нашата сценска кореографија.

Заедно со неа, изминативе месеци секојдневно макотрпно работевме на кореографијата што ќе имате можност да ја погледнете утре, на финалната вечер од Јуниорскиот Евросонг“.

ana-i-aleksej-vozbudeni-pred-nastapot-na-junior-evrosong-nema-rivalstvo-megju-uchesnicite-nie-sme-megju-omilenite-04.jpg

Ана и Алексеј ќе пеат под реден број 7 (од 17 земји учеснички), а преносот на Јуниор Евросонг почнува во 18 часот на МРТ.

Погледнете видео со дел од нивната проба:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Ана Стојанова се пресели на 1 месец во Дубаи – ја покажа гарсоњерата каде ќе живее, со поглед од 22 ... „Хабиби, се преселив 1 месец во Дубаи... Можеби мислите дека ова е обична гарсоњ...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Ана од Скопје и фудбалерот Чума Анене, со потекло од Нигерија, му прославија прв роденден на синот в... Се запознале пред 10 години во Скопје, а сега дом им е Осло... Ана славеше со де...

Најчитани неделава