Славчо Попоски, метеоролог: „Од утре услови за обилни дождови, силен ветар, но и снег на повисоките места“

„Во Македонија под влијание на серија изразени влажни воздушни бранови ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни, поројни и проследени со појава на грмежи“, вели Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-od-utre-uslovi-za-obilni-dozhdovi-silen-vetar-no-i-sneg-01.jpg

Веќе ги чувствуваме зимските температури, а во неколку градови имаше и врнежи од снег.

Но, додека деновиве е претежно сончево, веќе од утре можеме да очекуваме промена на времето, заедно со поројни дождови, па и снег на некои места низ Македонија

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Под влијание на изразена циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, од утре (20.11), до сабота (23.11) во Македонија под влијание на серија изразени влажни воздушни бранови, ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни, поројни и проследени со појава на грмежи.

Повремено, на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, со што до сабота на овие места ќе се формира и снежна покривка.

Во четврток, а особено ноќта петок кон сабота, и во сабота наутро и претпладне, поради продор на значително постудена воздушна маса од север, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во повисоките места.

Има услови снежната граница локално, и тоа особено во западните и во северните предели да се спушти од околу, па и под 1.000 метри надморска височина, со што услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места (градови).

slavcho-poposki-meteorolog-od-utre-uslovi-za-obilni-dozhdovi-silen-vetar-no-i-sneg-02.JPG

Сето ова ќе биде проследено и со засилен до силен ветер од јужен, југозападен и од западен правец, а во сабота ветерот ќе го промени својот правец во северен.

Повремено и локално ветерот ќе достигнува брзина од над 80-90 километри на час, а на планинските места дури и над 100 километри на час.

Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, особено каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да бидат понастрана од дрвјата.

И во скопскиот регион од утре до сабота ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со засилен до повремено силен ветер од југоисточен, а во сабота од северен правец.

Во делови од скопскиот регион, повремено ветерот ќе достигнува брзина од над 70-80 километри на час.

Повремено на околните планини, особено во четврток и во сабота, ќе има врнежи од снег, а во сабота провејување на снег ќе има и во повисоките предели од скопската котлина, особено наутро и во претпладневните часови.

slavcho-poposki-meteorolog-od-utre-uslovi-za-obilni-dozhdovi-silen-vetar-no-i-sneg-03.JPG

Што се однесува до температурите, утре тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени Целзиусови, во четврток ќе биде постудено со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени Целзиусови во најтоплите југоисточни предели.

Во петок тие повторно накратко ќе се зголемат и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени Целзиусови, а во југоисточните предели тие ќе достигнат до околу, или малку над 15 степени Целзиусови.

Во сабота температурите позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени Целзиусови, додека во повисоките и планинските места тие ќе бидат до околу, па и под нулата.

Особено студено ќе биде од недела наутро, кога ќе има појава на умерени до јаки мразови и температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен Целзиусов, а особено на високите и планинските места тие ќе бидат и пониски.

Сето ова е поради разведрувањето кое се очекува од сабота навечер и ноќта кон недела.

За време на овие бранови на врнежи, до сабота локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен)“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
8 места во Скопје каде може да пробате вкусни италијански сендвичи со фокача Локали специјализирани за фокача сендвичи по оригинален рецепт, пршутерии каде м...
На почетокот на октомври падна првиот снег во Македонија - Побелеа Маврово и Попова Шапка Откако до пред неколку дена имавме речиси летни температури, од денес (02.10), н...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава