„Факт е дека не го гледав бебето сама, имав два пара баби и дедовци, кои секогаш беа тука за сè и сешто како војници, а јас си играв со малиот, јас бев таа што го занимаваше, бев баш дете и растевме заедно...“, вели Дани Димитровска за раѓањето дете на 21 година.
Новинарите Славица Арсова и Александар Спасовски видно ослабени, фолк пејачката Стојне Николова со смел црвен фустан со отсечок на стомакот, Кристина Димитри со долги нокти на нозете... Познатите на забавата на Бекстејџ.
„Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама само еден ќе биде до тебе кога ќе си во пижами и болна...“
„Македонскиот традиционален вез отсекогаш ми бил доста инспиративен и сум сакала да го насликам на парчиња гардероба или во случајот на старки. Сакав да направам еден спој на традиционалното со современото“, вели Билјана Јуруковски за CRNOBELO.com.
„Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голем предизвик и не прават таков чекор, оставајќи ги своите амбиции за подоцна. Но, јас го видов ова како можност да покажам како мајките можат да се инспирираат меѓусебно“, вели скопјанката Ангела, која со своето бебенце беше на неколкудневна рабботилница во Охрид.
„Во овој месец на рак на дојка јас не можев повеќе да одговарам на прашања, освен да ви ја покажам фотографијата која може да ги замени сите ваши шминки, филтри и фотографии од храна, коишто ги гледаме по социјалните мрежи...“, изјави Весна Петрушевска на сцената на роденденот на Бекстејџ.
На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, костими, елеганција, но и многу, многу музика и награди. Атмосферата на 17-тиот роденден на Бекстејџ...
Момчето вљубено во музиката, кое остави силен печат на нашата сцена, се соочи со многу тешки животни мигови, како дијагнозите спина бифида од раѓање, па леукемија, па смртта на мајка си... Денес, живее на релација Гевгелија - Минхен и со божјата моќ која лекува вели дека сака да продолжи посилен и да ѝ се врати на музиката.
Во редакција на една македонска радио станица цел ден слушаме песни од Тоше Проески и се ежам... Миа Костова, пак, на овој тажен ден вели: „Јас сум една од оние кои не слушаат негови песни и менувам радио станица ако го слушнам. Едноставно немам сила за неговиот глас и никогаш не се помирив дека замина“. Тоше, непребол си ѝ на цела Македонија!
Нашата прекрасна русокоса дама од ТВ екраните Билјана Дебарлиева веќе 30 години е во хармоничен брак со саканиот Јован, а круна на љубовта им се двете деца, Ана и Мики. Саканиот Јован ѝ напиша емотивна посвета за годишнината.
Во друштво на своите другарки Катарина ужива во лудите забави на Ибица.
„Не сакам да зборувам за она низ што поминав, тоа што ме болеше сега е минато... И јас не знам од каде толку години се направија, ама мои се и ги сакам“ – напиша Лила на роденденското видео од прославата во Малта.
„Тоше беше посебен човек, со чисто срце, со подеднаква љубов за сите. Со божја помош, знам дека ќе успеам и покрај болките во коленото“, вели за CRNOBELO.com, Стефан Житошански, кој со велосипед тргна на пат долг 900km.
„На денешен ден 1972 година беше роден човекот кој многу го сакаше животот. Научив од него работи кои ги нема во книгите...“, пишува Слободанка Тренчева – Боте за Мирко Попов.
„Е мој Тоше, џабе и ти ‘шушкаа молики’ и пееше за ‘руси коси’ и се прашуваше ‘што е тоа во луѓето..’ во држава која не го негува своето“, гласи дел од објавата на Пеце од Суперхикс, по повод споменот за починатиот брат и на Тоше.
„На сцената кажав ‘Jас сум Христијан и доаѓам од Македонија’, па на Џаред Лето му ги покажав трите мои тетоважи, посветени на бендот. Бев толку блиску до мојот идол, уште ми е нереално“, вели Христијан Проданов од Скопје за CRNOBELO.com.
Пејачката Лара Иванова, која имаше работно лето со многу настапи, средината на октомври ја искористи за одмор во Турција.
Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов ѝ го прослави 30-тиот роденден на сопругата, а Милена Антовска се пофали како поминала на свадба кај пријатели на италијанскиот остров Сардинија.