Каде е и што прави денес Игор Узунов - финалистот на М2, кого животот жестоко го предизвика?

Момчето вљубено во музиката, кое остави силен печат на нашата сцена, се соочи со многу тешки животни мигови, како дијагнозите спина бифида од раѓање, па леукемија, па смртта на мајка си... Денес, живее на релација Гевгелија - Минхен и со божјата моќ која лекува вели дека сака да продолжи посилен и да ѝ се врати на музиката.

kade-e-i-shto-pravi-denes-igor-uzunov-finalistot-na-m2-koj-zhivotot-zhestoko-go-predizvika-01.jpg

Игор Узунов од Гевгелија го запознавме како младо талентирано момче на „Мелфест“ во Прилеп, а потоа стана еден од финалистите и победниците на М2 продукција.

Сигурно добро ја помните неговата песна „Ми требаш како молитва“, потоа „Постојам“ итн.

Тој редеше музички успеси сè до мигот кога животот не го предизвика со дијагнозата леукемија.

Игор исто така, цел живот се соочува со дијагнозата спина бифида. Едно од 400.000 деца во светот се раѓаат со спина бифида, ретка болест на 'рбетниот столб.

Тој вели: „Сконцентриран сум на создавање платформа и начин за запознавање на сите со ваквото здравствено нарушување, кое доаѓа со самото раѓање“.

Сепак, денес вели дека повторно сака да ѝ се врати кон музиката, затоа што за него таа е искрена љубов која никогаш не престанала да тлее.

kade-e-i-shto-pravi-denes-igor-uzunov-finalistot-na-m2-koj-zhivotot-zhestoko-go-predizvika-09.jpg

За животните битки, но и соништа, Игор споделува за CRNOBELO.com:

„Одамна некој новинар нема изразено желба или интерес за тоа што правам и каде сум. Нејсе, кога не продуцирам новитети за јавноста, нормално е и да не сум интересен. Но, се израдував како мало дете кога вие од CRNOBELO.com ме контактиравте.

А, радост последниве 2 години кај мене тешко.

kade-e-i-shto-pravi-denes-igor-uzunov-finalistot-na-m2-koj-zhivotot-zhestoko-go-predizvika-04.jpg

Поминав низ прилично тежок период по враќањето од Перу, Јужна Америка, каде што бев да си ја видам Емилија Каталина, мојата внука и каде што случајно се најдов како интересна фигура за да бидам дел од реклама за државната болница во Трухиљо.

Беше тоа едно неверојатно искуство, но и ми отвори многу врати, па на неколку настани Перуанците имаа шанса да чујат и песни на наш, македонски јазик.

kade-e-i-shto-pravi-denes-igor-uzunov-finalistot-na-m2-koj-zhivotot-zhestoko-go-predizvika-14.jpg

И, искрено беа одлично прифатени, особено мојата „Знаев сè“, која ја бараа неколкупати во текот на настапите.

Само неколку дена по враќањето од Перу ја загубив мајка ми, а музичкиот материјал што ми беше спремен за издавање остана запечатен во компјутер до ден денес.

kade-e-i-shto-pravi-denes-igor-uzunov-finalistot-na-m2-koj-zhivotot-zhestoko-go-predizvika-06.jpg

Претходно имав огромна желба и амбиција да подарам неколку нови песни на публиката којашто го очекува тоа од мене, но наеднаш исчезна.

Се надевам дека сите би ме разбрале поради што. Не значи дека тоа така и ќе остане!

kade-e-i-shto-pravi-denes-igor-uzunov-finalistot-na-m2-koj-zhivotot-zhestoko-go-predizvika-02.jpg

Имам доволно снимен материјал што наскоро ќе излезе на виделина. А, во секоја песна душата ми е максимално отворена, па сите преку песните ќе дознаат низ сè што поминав.

Мислам дека прва што ќе ја пуштам ќе биде „Повреден“ во која го опеав она што моментално го поминувам – „Еднаш повреден ист не си повеќе…“, гласат дел од стиховите.

kade-e-i-shto-pravi-denes-igor-uzunov-finalistot-na-m2-koj-zhivotot-zhestoko-go-predizvika-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...

Најчитани неделава