Трогателна приказна од Македонија: Бебе, со здравствен проблем, било оставено од родителите - жена од Крушево го израснала

Оваа приказна ќе ве трогне, наежи, згрози, восхити - буквално во вас ќе поттикне лавина од емоции. Но, среќни сме што постојат луѓе како Олга (името е измислено поради заштита на идентитетот) во Македонија!

trogatelna-prikazna-od-makedonija-bebe-so-zdravstven-problem-bilo-ostaveno-od-roditelite-zhena-od-krushevo-go-spasila-01.jpg

Ќе прочитате една драматична и трогателна вистинска животна приказна за момче од Македонија кое целиот живот го поминува во бескрајна борба.

Борбата произлегува од товарот кој му е ставен на грб, уште со самото негово раѓање, кога неговите биолошки родители ќе го остават во болницата после неговото раѓање.

Приказната со нас ја сподели Катерина Алексова Наумова од Свети Николе и ова е приказна која дефинитивно нè трогна.

Животот уште од првата минута не го гали, се раѓа со дијагноза spina bifida, а неговото главче е поголемо во сооднос со неговото бебешко тело.

Спина бифида е состојба која влијае на 'рбетот. Обично е видливо при раѓање. Тоа е еден вид дефект на невралната туба. Спина бифида може да се случи насекаде по должината на 'рбетот, ако невралната туба не се формира правилно или не се затвори до крај. Кога невралната туба не се затвора до крај, 'рбетот што го штити 'рбетниот мозок не се формира и затвора. Ова често резултира со оштетување на 'рбетниот мозок и нервите.

Биолошките родители не се спремни за да се борат со него и го оставаат на милост и немилост на лекарите. Некои од нив со грижа на совест успеваат барем некоја помош да му дадат, со тоа што ќе го оперираат и ќе му вметнат пумпа во главчето за да ја исфрли водата од главчето.

Но, тоа не е неговата единствена аномалија, оштетени му се нервите за моторички способности, а подоцна ќе се дознае дека ниту може да зборува, ниту да оди.

trogatelna-prikazna-od-makedonija-bebe-so-zdravstven-problem-bilo-ostaveno-od-roditelite-zhena-od-krushevo-go-spasila-03.jpg

По операцијата на главата ќе биде однесен во домот за доенчиња во Битола каде ќе престојува три години.

По три години ќе биде згрижен од жена од Крушево, која не се знае од кои причини не може да му ги пружи сите здравствени услуги.

По нејзината смрт ќе влезе во прегратките на Олга која до ден денес се грижи за него.

Олга е сопруга, која го губи сопругот од тешката болест цироза, мајка на две прекрасни ќерки, кои момчето Боки го сметаат за свој роден брат. Жена со големо срце која во моментот кога го згрижува јунакот на приказната, веќе има згрижено две девојчиња кои биле злоставувани од родениот татко.

Боки за неа станува центар на светот.

Нивното патешествие започнува со многу битки - операција на главата за да проговори и да му се исполни желбата да оди на училиште. Па, следува операција на нозете и рехбилитација за да може да се движи со помагала.

Но, најголемата битка ја имаат со функцијата на бубрезите.

trogatelna-prikazna-od-makedonija-bebe-so-zdravstven-problem-bilo-ostaveno-od-roditelite-zhena-od-krushevo-go-spasila-02.jpg

Боки е олицетворение на сета болка и неправда која животот може да му ги даде на едно дете.

Неговото име е синоним за светлина и повторно раѓање. Затоа тој постојано ќе ја следи светлината и од секоја битка во која влегува ќе излезе како победник заради силната волја, издржливоста и бескрајната љубов на Олга, која силно го зеде во нејзината прегратка и не го пушти.

Со неа проживеа многу лоши и многу добри работи.

Нејзината мајчинска љубов кулминираше, кога неговите биолошки родители не сакаа да му помогнат, со тоа што му го даде својот бубрег само за да може синоокото момче да продолжи да живее.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Приказна од Делчево топи срца: Девојка од Измир дојде да ја види пријателка си - нивните прадедовци ... „Некои пријателства не познаваат ни за далечина, ни за години. Пред многу децени...
Херој на денот! Д-р Чадиковски оперираше бебе од 2.5kg на кое машина му ги менуваше срцето и белите ... „По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена пом...
И Битола блесна во празнична атмосфера – локалците и туристите уживаат во „зимската приказна“ (фото) Украсувањето на плоштадот во Скопје се очекува на 15-ти декември, а во меѓувреме...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...

Најчитани неделава