Херој на денот! Д-р Чадиковски оперираше бебе од 2.5kg на кое машина му ги менуваше срцето и белите дробови - успешно закрепнува
- Детали
- понеделник, 06 април 2026
„По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови), денес, за првпат во Македонија, детето е успешно одвоено од машината“, напиша детскиот кардиохирург д-р Владимир Чадиковски.

Детскиот кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски, кој години наназад е вистински херој за многу родители, оперирајќи срца на бебиња и мали деца и грижејќи се за секое од нив, преку објава на Инстаграм Стори раскажа за уште една убава приказна.

Тој објави две фотографии од тешка операција кое ја правел на бебе тешко само 2.5kg, а кое конечно почнало самото да дише, без помош на машина.

Во својата објава, која влева надеж за родителите и со што ја разнежни јавноста, тој напиша:
„По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови), денес за првпат во Македонија, детето е успешно одвоено од машината.
Се надеваме на брзо и успешно закрепнување во наредните денови. Браво за целиот медицински тим“.

А. Ј. | Црнобело
