Весна Петрушевска откри зошто одлучила да ја објави лузната по масектомијата

„Во овој месец на рак на дојка јас не можев повеќе да одговарам на прашања, освен да ви ја покажам фотографијата која може да ги замени сите ваши шминки, филтри и фотографии од храна, коишто ги гледаме по социјалните мрежи...“, изјави Весна Петрушевска на сцената на роденденот на Бекстејџ.

vesna-petrushevska-otkri-zoshto-odluchila-da-ja-objavi-luznata-po-masektomijata-01.jpg

Весна Петрушевска е една и единствена во секој поглед, а и таква е во борбата со ракот. Смела, упорна и искрена пред јавноста.

Таа во розовиот октомври објави фотографија од нејзината лузна по мастектомијата.

Вчера (16.10) на роденденот на Бекстејџ, Весна доби награда „Жена борец за 2024“.

Таа на настанот откри зошто одлучила да објави фотографија од лузната по масектомијата:

„Во овој месец на рак на дојка јас не можев повеќе да одговарам на прашања, освен да ви ја покажам фотографијата која може да ги замени сите ваши шминки, филтри и фотографии од храна, коишто ги гледаме по социјалните мрежи.

Затоа е важно сите да ја дигнете општествената одговорност, одговорноста кон себеси и кон сите работи коишто ви се случуваат“.

bev-na-zabavata-po-povod-17-tiot-rodenden-na-bekstejdj-skopje-pulsirashe-od-ubava-energija-09_copy_1.jpg

Инаку, кога ја објави оваа фотографија, Весна напиша: 

„Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба….и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме востание.

Долга е борбата. Секоја битка е добиена војна. Немам време за луѓе кои се бават со сѐ, освен со самите себе.

Тука сум за да oставам мое наследство, во театар, телевизија, мои деца и деца и илјадници деца кои ми минуваат пред очи.

Многу е важно да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикнат жените да одат на преглед. Мамографија, гинеколог.

Знаете ли колку жени не се грижат самите за себе, оти животов ни се претвори во преживување. Додека не се соочите брутално нема да почнете да сакате себеси.

Еден е животот и не замижувајте.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее „Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасн...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...
Весна Бејби со порака: „Да се намали возрасната граница за одговорност на децата злосторници“ „Имаме млади генерации кои не читаат, пушат и пијат од 10-годишна возраст, преку...

Најчитани неделава