Весна Бејби со порака: „Да се намали возрасната граница за одговорност на децата злосторници“

„Имаме млади генерации кои не читаат, пушат и пијат од 10-годишна возраст, преку апликациите си разменуваат голи слики од сопствените полови органи, а родителите дремат некаде по дневна, работат можеби и две работи за да пружат сè - но има грандиозно отсуство на воспитување“, вели Весна Бејби, потсетувајќи дека е мајка на дете жртва на предатор.

vesna-bejbi-so-poraka-da-se-namali-vozrasnata-granica-odgovornost-na-decata-zlostornici-01.jpg

Откако јавноста вчера беше вознемирена по случајот кога девојчиња малтретираат своја врсничка во населбата Ѓорче Петров и ја тераат да јаде измет, многу луѓе излегоа со осуда и за родителите и за децата.

Меѓу оние што го кренаа својот глас против врсничкото насилство и она што се случува меѓу децата е и актерката Весна Петрушевска.

Таа на Инстаграм го сподели своето размислување на темата и побара да се намали возрасната граница во законот со која некое дете ќе може да биде кривично гонето токму поради вакво и слично однесување.

vesna-bejbi-so-poraka-da-se-namali-vozrasnata-granica-odgovornost-na-decata-zlostornici-02.jpg

„Како ќе реагирате кога вашето дете ќе биде булирано, малтретирано на само 11 години (толку имаше Мина кога беше жртва на педофил)? На ваше место има да барам најстроги казни за родителите и за децата, би ја намалила старосната граница за кривична одговорност!

Ние имаме млади генерации кои не читаат, не одат во театар, пушат и пијат од 10-годишна возраст, преку апликациите, а најчесто Снеп си разменуваат голи слики од сопствените полови органи, а родителите дремат некаде по дневна, работат можеби и две работи за да пружат на децата сè - но има грандиозно отсуство на воспитување.

Полека но сигурно стануваме земја на насилници. Едвај 2 милиони не можеме да се средиме! Одземете им телефони, донесе закон како Данска и Франција до 16-17 години да немаат мобилни, забранете телефони во школо! Баш сум лута!“, напиша Весна на Инстаграм.

vesna-bejbi-so-poraka-da-se-namali-vozrasnata-granica-odgovornost-na-decata-zlostornici-05.jpg

А во својата порака во 10-минутно видео, Весна, меѓу другото, вели:

„Замислете оваа драмска ситуација. Неколку девојчиња ја малтретираат жртвата, некаде во парк, смислено, ја тепаат, ја малтретираат и ја тераат да го лиже изметот од некое куче кое сигурно случајно се нашло тамо во паркот. На крајот на нивното дејствие тие ја фотографираат.

Како мајка на дете коешто е жртва на предатор и кое од право здраво дете има сè уште последици и се бориме, има сопствени тригери, дури се бориме и за лекови кои ги нема во Македонија - далекусежни се последиците.

vesna-bejbi-so-poraka-da-se-namali-vozrasnata-granica-odgovornost-na-decata-zlostornici-06.jpg

Јас за врсничко насилство зборам многу, многу, многу долго време, зборувам не само како мајка, туку и како општествено одговорна личност во оваа земја.

Во 30 години работа со деца, имам забележено отсуство на родителска грижа, отсуство на воспитниот дел, што би се рекло, наставници, професори и едно потполно игнорирање на насилството релативизирање на истото.

Ако го читаме податокот, дека се регистрирани 73 инциденти на насилно однесување меѓу ученици и дека од мај 2025 до сега има 48 пријави за насилство, верувајте дека оваа бројка треба да ја помножите по 7 или 8 пати, што значи многу децата не пријавуваат, трпат и притоа им се нарушува менталното здравје. Тие никогаш нема да бидат исти деца. Никогаш.

Прво, треба да се намали старосната граница за одговорност на овие злосторници, одвратни суштества наречени врсници. Треба да се намали таа граница, да има кривична одговорност“.

vesna-bejbi-so-poraka-da-se-namali-vozrasnata-granica-odgovornost-na-decata-zlostornici-03.jpg

Кликнете на видеото за да ја слушнете целата порака на Весна Бејби:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...

Најчитани неделава