Весна Петрушевска ја покажа лузната по мастектомијата: „Со ракот секоја битка е добиена војна“

vesna-petrushevska-ja-pokazha-luznata-po-masektomijata-so-rakot-sekoja-bitka-e-dobiena-vojna-01.jpg

Весна Петрушевска е една и единствена во секој поглед, а и таква е во борбата со ракот. Смела, упорна и искрена пред јавноста.

Таа во розовиот октомври објави фотографија од нејзината лузна по мастектомијата.

Во описот напиша: 

„Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба….и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме востание.

Долга е борбата. Секоја битка е добиена војна. Немам време за луѓе кои се бават со сѐ, освен со самите себе.

Тука сум за да oставам мое наследство, во театар, телевизија, мои деца и деца и илјадници деца кои ми минуваат пред очи.

Многу е важно да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикнат жените да одат на преглед. Мамографија, гинеколог.

Знаете ли колку жени не се грижат самите за себе, оти животов ни се претвори во преживување. Додека не се соочите брутално нема да почнете да сакате себеси.

Еден е животот и не замижувајте.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее „Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасн...
Весна Бејби со порака: „Да се намали возрасната граница за одговорност на децата злосторници“ „Имаме млади генерации кои не читаат, пушат и пијат од 10-годишна возраст, преку...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg