„Наташа имаше спонтан абортус во моментот кога со пријателите славевме дека ќе станеме родители. На пат накај болница почна пообилно да крвари. Таму лекарот, ѝ направи ехо и гледа - нема срцева реакција. Ни рече да не се грижиме, да провериме на друг апарат. Пак ни дава лекарот некаква утеха. Но, пак немаше срцева реакција. Ми се пресекоа нозете. Целиот тој момент на ‘ќе станам татко, ќе станам мајка’ одеднаш исчезна“, вели Таско во својата искрена исповед.
Родителите на Едон пресреќни го носат малиот борец дома. Тој се роди предвреме во 27-тата гестациска недела, а сега тежи 2.110g.
Тијана Дапчевиќ повторно го привлече вниманието со својот специфичен моден стил, па додека чекаше во студио за тетовирање во Скопје, по забавата со колегите од „Преспав“, објави фотки на Инстаграм на кои доминираа кул чорапите со ликот на Супермен.
„Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа светски, а да е наше. Продолжи да газиш“, велат фановите на Барбара Поповиќ по нејзиниот одличен настап во шоуто IDJ Show, каде што пееше песна од Роберт Билбилов.
„Многу е битно да знаете дека предвремено родените деца заостануваат во растот и развојот за онолку недели колку што се родиле порано“, напиша Маја Кикириткова, и се сети на голготата низ којашто поминала...
„Ова е мало парче рај, скриениот бисер на Европа“ – млад американски пар е воодушевен од посетата на Охрид и Скопје, а своите впечатоци ги споделува на својот Инстаграм профил. Тие не ги кријат пофалните зборови за нашата земја.
Драган Спасов Дац со сопругата Весна и внуката Гаиа шета во зоолошка градина и покажува дека улогата „дедо“ му е омилена во животот, Миа Костова го посети Истанбул, а Врчак постојано се дружи со момците од ДНК, но и со Ламбе Алабаковски.
„Неизмерно благодарам до сите драги пријатели што ни помогнаа и се приклучија во потрагата“ – напишаа Сара Мејс и Димитар Атанасовски во својата објава по повод враќањето на нивното милениче, лабрадорот Атос во нивниот дом.
„Носам сè - од здолништа до сакоа. Изгледот ми варира според расположението. Не би облекол фенси италијански патики со циркони, или пак некоја од оние чантички што често ги носат мажите на Балканот или во Мексико. Не тргнувам на пат без чизми и влечки, а чевли носам само на премиери или интервјуа кога промовирам филм“, вели за својот стил македонскиот актер и музичар со финско потекло, Давид Мукка.
„Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, загубивме еден живот“ – напиша меѓу другото Калиопи, откако нејзиниот концерт во Белград беше откажан заради неочекуваната смрт на една жена во публиката.
Со тематска забава, аниматори, многу дечиња и интересна песничка, пејачката Ева Нединковска го прослави седмиот роденден на ќеркучката Ена.
„Поминав 13 часа со ова бувче, по спасувањето утрото од клуновите на враните во 'Жена парк'. Откако му најдов безбеден простор да закрепне од траумата и малку храна, вечерта ја врати силата и полета назад во своето природно живеалиште“, ја започнува својата објава Ирина Тошева и споделува детали за случката во Скопје.
Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена имаше, и сè уште има, неколку љубовни парови каде дамите се постари од своите посилни половини. За нив важи она - љубовта не знае за години. Знаете ли кои се тие?
„Мала торта за голема бројка на години. Немам што да додадам. Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри луѓе, простувајте и уживајте во животот затоа што реприза нема. 41 година, а се чувствувам како 25“, напиша поранешниот голман Борко Ристовски.
Снежана Маркоски Вуд, најпознатата Македонка во Австралија, го живее својот сон во Австралија и ужива во семејната хармонија со 4-те деца и еден од најпосакуваните ергени во оваа земја.
„Бевме на одмор на Малдиви кога Благој ме побара за сопруга. Иако сме заедно веќе 6 години, во моментот кога клекна на колена ме изненади, не очекував дека ќе ме запроси токму тогаш“, вели Вероника од Штип за изненадувањето што ѝ го подготвил нејзиниот иден сопруг.
Со забава во дискотека за деца, Мики и Светлана Црнокрак го прославија 12-тиот роденден на својата помала ќерка, Нина.
„Јас сакам да го гледам светот со розови очила, така е многу поубав, така го гледав и периодот што е зад мене...“, ја започнува објавата Лила, која се потсети на тешкиот период по дијагнозата рак на дојка, но и за тоа како се избори со високо крената глава.