Мал борец! Бебе од само 940g, родено на Клиниката за гинекологија во Скопје, си замина дома тешко 2kg
- Детали
- вторник, 07 ноември 2023
Родителите на Едон пресреќни го носат малиот борец дома. Тој се роди предвреме во 27-тата гестациска недела, а сега тежи 2.110g, по 77 дена битка.
Уште едно бебенце родено предвреме во Скопје ја извојува својата најважна битка и сега си оди дома со своите родители.
Овојпат тоа е малиот Едон, роден со само 970g во 27-та гестациска недела.
Објавата од Клиниката за гинекологија во Скопје на Фејсбук гласи:
„По 77 дена, малиот борец Едон замина дома
По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.
Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2.110g.
На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа.
На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





