„Дама се раѓа, браво девојко“ – Нашата Барбара Поповиќ го воодушеви регионот со настап во српско музичко шоу

„Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа светски, а да е наше. Продолжи да газиш“, велат фановите на Барбара Поповиќ по нејзиниот одличен настап во шоуто IDJ Show, каде што пееше песна од Роберт Билбилов.

barbara-01.jpg

Македонската пејачка Барбара Поповиќ (22) „растури“ во српското музичко шоу „IDJ Show“ со песната „Чудни места“ со која Роберт Билбилов победи на „Макфест“ во 2019 година. Таа песната ја испеа со многу емоции и ги крена сите на нозе.

„Горда сум што сум Македонка“, напиша Барбара на Инстаграм.

barbara-03.jpg

Барбара од самиот почеток важи за најмоќниот вокал и морален победник на шоуто, а тоа го покажа и овој пат.

Освен со пеењето, таа воодушеви и со изгледот, со долгиот црвен впечатлив фустан.

„Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа светски, а да е наше. Продолжи да газиш“.

„Овие млади и талентирани луѓе треба да напредуваат од емисија во емисија, да учат и созреваат и да го вежбаат гласот. Но, тоа што не може да се научи е да се биде дама. Така се раѓаш. Браво девојко!“, се дел од коментарите.

barbara-04.jpg

Во жирито на популарното шоу се композиторот Дарко Димитров и српските пејачи Реља Поповиќ и Наташа Беквалац.

Својот настап Барбара го сподели на Инстаграм, а го пофалија и многу музичари, меѓу кои Тамара Тодевска, Антониа Гиговска, Ања Ветерова и други.

barbara-05_copy.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Тин ѕвездата Миха Гигов наполни 18 години, Цаци Паковска горда на него: „Порасна во прекрасен маж и ... „Независно колку високо се издигна, никогаш не заборави од каде доаѓаш. Остана п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg