Елена и Бојан се забавуваа додека се шетаа низ уличките на Венеција, меѓу бројните канали и гондоли, но и надалеку познатите продавници за маски. Не изостана ни италијанските специјалитети и вино, па роденденот на Бојан го прославија во ресторан од 1931 година.
Роберт Спасенцовски ужива дома во прегратките на синот Киан, додека Антониа Гиговска интензивно работи на враќање во форма по породувањето, а тоа го покажа со кроп-топ маичка.
Со фотографија од денот на свадбата од 1997 година, Мики Црнокрак откри дека слави 26 години во брак со сопругата Светлана.
Јован Јованов, Антониа Гиговска, Јанг Дади, шминкерот Даниел Николовски и инфлуенсерката Марис Џолин се само дел од Македонците кои не му одолеаја на светскиот тренд и објавија фотки на кои покажаа како би изгледале во минатиот век.
„Знаете дека имам пасош од Вевчани, ама сега имам уште еден. Јас сум и официјално македонско девојче“, вели Кенијката Емакулате Вандера Блажеска, која облече носија и славеше што доби македонското државјанство.
„Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај. И да испишеме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“, напиша Ламбе Алабаковски и објави видео на кое пее со Врчак.
„Жена која шета со мал ладилник на главата, маж кој се шета бос, преслатката насмевка на децата од локалното население“ – кошаркарката Едина Муса сподели повеќе фотографии од нејзиниот одмор во Африка.
„Фала ви од срце за изненадувањето, но лута сум ви за пулсот 150“, напиша Миа Костова која откри дека пријателите ѝ подготвиле незаборавно изненадување за 39-тиот роденден.
„Пред 9 години, кога почина татко ми, по неговиот погреб објавив единствено ‘Љубов, многу малку време ти даваме’. Не се разделивме со убаво, не си дадовме шанса за да поправиме и немав шанса да му кажам дека му простувам и дека барам прошка за сè што си згрешивме. И немав шанса да му кажам дека го сакам“, вели креаторката Ивана Кнез.
Од персонализирано кафе со вашата фотографија, до „Барби“ кафе, во ова кафуле во Старата скопска чаршија вашите желби лесно ќе се претворат во реалност.
„Влетавме на свадба како изненадување...“ – Дац и Александар споделија кратко видео во кое се гледа како ненајавени успеале да ги изненадат младенците кои неодамна правеле свадба во еден македонски локал.
Антониа Гиговска само три месеци по породувањето е во топ форма и одлучи повторно да се врати на стариот имиџ. Повторно е фатална русокоса, но овојпат во боја како бело злато.
„Со една од четирите најубави девојки на светот“, напиша Пере од „Нокаут“ и објави фотографија со една од своите четири ќерки. Елена Најдоски блесна во златно на свадба покрај сопругот, а водителката Елена Стојановска од Сител го прослави роденденот на Сејшели...
„И јас всушност цело време мислев дека мене тешко ќе ми паѓа тоа што косата ќе падне, а на крај сфатив дека само сум се плашела од реакцијата и тоа како ќе ја прифати таа промена ќерка ми“ – пишува до видеото Ивана од Прилеп која се бори со Хочкинов лимфом, а покажа како ќерка ѝ ѝ помогнала да ја скрати косата и да стави перика.
„Со Ирис, ќерка на мои пријатели, сакавме да минеме типично женски ден заедно, па бевме на фризер, шминкање и направивме фотосесија заедно обоена во розово, со оглед на тоа што социјалните мрежи се преплавени со Барби трендот“, вели за CRNOBELO.com Даниела од Скопје, која живее во Дубаи и е мајка на два сина.
„Да си ми жива здрава, те сакам најмногу“ – ѝ порача Антониа Гиговска на мајка ѝ по повод роденденот. Пејачката сподели фотографија на која се гледа од кого ја наследила убавината, а претходно откри дека мајка ѝ ѝ е најголема поддршка во животот.
„Ова е многу реален и искрен поглед на првата половина од нашата бременост, без филтри. Од моментот кога дознавме, преку утринските мачнини кои станаа мачнини кои траат по цел ден и додека гледаме како нашето мало девојче расте од кикиритка во бебе“ - вели Македонката која победи во австралиското реално шоу „The Bachelor 2020“ и е бремена со првото дете.
Најемотивен момент на концертот беше настапот на Бојан Маровиќ, кој долги години се дружеше со Тоше и кој настапи на неговиот последен концерт. Со многу тага во гласот ја испеа „Тајно моја“ и се потсети на најубавите спомени поврзани со својот починат другар.