Емотивно видео на Македонка која боледува од Хочкинов лимфом: „Се плашев како ќе реагира ќерка ми кога ќе ми падне косата“

„И јас всушност цело време мислев дека мене тешко ќе ми паѓа тоа што косата ќе падне, а на крај сфатив дека само сум се плашела од реакцијата и тоа како ќе ја прифати таа промена ќерка ми“ – пишува до видеото Ивана од Прилеп која се бори со Хочкинов лимфом, а покажа како ќерка ѝ ѝ помогнала да ја скрати косата и да стави перика.

emotivno-video-na-makedonka-koja-boleduva-od-hochkinov-limfom-se-plashev-kako-kje-reagira-kjerka-mi-koga-kje-mi-padne-kosata-01.jpg

Ивана (32) од Прилеп боледува од Хочкинов лимфом, а секојдневно објавува нови содржини од својата борба на нејзиниот Инстаграм профил, со цел да ги охрабри и да им даде поддршка на сите што во моментов поминуваат низ вакви и слични борби.

Таа на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како нејзината ќерка ѝ помага да ја скрати косата, која треба да падне заради терапиите што ги прима додека се бори со болеста:

„Мало признание:

Не сум стигната ни до половина од лекувањето. И јас всушност цело време мислев дека мене тешко ќе ми паѓа тоа што косата ќе падне, а на крај сфатив дека само сум се плашела од реакцијата и тоа како ќе ја прифати таа промена ќерка ми.

Сега, откако таа ми помогна да ја скратиме косата, за да порасне поубава и подолга нели... Знам дека тоа е најмалиот проблем од цел процес што го доживувам. Овие рачиња што секојдневно ми будат насмевка и не даваат ама апсолутно никакво значење на надворешниот изглед е повеќе од доволно.

Ви благодарам на сите што секој ден ме прашувате како сум. Му благодарам на моето семејство и на Господ за ова искушение, за кое верувам ќе излезам како победник“ , напиша Ивана до емотивното видео.

Инаку, оваа мајка на две деца во јуни за првпат објави дека ја добила дијагнозата.

Тaa пред себе има тежок пат со хемотерапија и третмани, но вели дека ќе се бори со двете деца во раце и ќе зборува јавно за да ги охрабри и другите кои минуваат низ истото.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава