„Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секој ден тоа беше утре“ – откри во својата објава сопругата на македонскиот ракометен голман Борко Ристовски во описот до првите фотографии од новородената ќерка.
Крушевчани го дочекаа првиот снег годинава, а највисокиот град на Балканот деновиве наликува на сцена од зимска бајка. Фотографката Ана Петроска за CRNOBELO.com споделува ексклузивни фотографии од тоа како изгледаше Крушево минатиот викенд.
„Пристигна нашата принцеза“ – Со овие зборови пријателите и роднините на Борко и Нина Ристовски им честитаат за новиот член во семејството.
„Ако се гледаш со многу момци, тоа не значи дека ти си убава. Запомни дека евтината роба секогаш има многу муштерии.“ гласи едно од шеговитите обраќања на Емакулате Вандера Блажеска од Кенија, која живее во Скопје.
Од СПА третмани со овошје и шампањ до прошетки низ снежната идила во Златибор, Елена со сопругот Бојан има одмор за сите сетила, како што вели самата.
Со нов концепт кој гледачите за прв пат ќе имаат можност да го видат и искусат во Македонија во февруари стартува најгледаниот ТВ магазин „Голден Карпет” на Канал 5 телевизија...
„Ха ха ха, малку ли е љубоморна Кристинче што нејзиниот син сега ќе има полубрат или полусестра?“, гласи една од бизарните пораки кои ги добило семејството на Кристина Димитри, откако нејзиниот поранешен сопруг Даниел Кајмакоски се ожени по вторпат. Пејачката со жестока реакција на Инстаграм...
„Понекогаш љубомората не е од тоа колку повеќе си материјално богат. Луѓето ти завидуваат како ти се носиш со ситуации во кои тие најверојатно би изгореле. Тие мислеле дека нешто ќе те скрши, а тебе те направило посилен...“, гласи дел од објавата на Јелена Спенџарска.
„Оваа мајка ќе го сруши интернетот повторно!“, самоуверено најави Антониа Гиговска, откако се пофали колку прегледи има нејзината најнова песна.
„За натпреварот се подготвував уште од летото, еден ден се натпреварувавме, а следниот ден одевме на екскурзија и посетивме повеќе места во близина и најголем впечаток ми оставија планината Монсерате и интерактивниот музеј Малока“ – открива во интервју за CRNOBELO.com Даниел Христов од Штип, кој освои бронзен медал по природни науки во Колумбија.
По два брака, од кои има 3 прекрасни деца, Александра Спировска одново ѝ дава шанса на љубовта, а сега со саканиот се појави на промоцијата на песната „Follow“ на ќерката Миа Перевска, што ја има од бракот со Пере Нокаут.
„Почнаа контракции… си викам, имам време ок е, не е можно толку брзо да се случи. Смирена си влегов да се туширам… оп и водењакот пукна. Во меѓувреме почна детево да се бори јако. Дури стигнавме до болница, едвај стигнав до соба...“, се сеќава Кристина Аранудова на породувањето со својот помал син, кој денес полни 7 години.
Најголем хит ѝ беше песната „Дилема“ која до ден-денес се пее, покрај музика се впушти и во водителски води, експериментираше со изгледот низ годините, има своја продукција и е горда сопруга и мајка на две деца - што прави и колку се промени Бојана Скендеровски?
Џевдет си оди дома... Емотивни фотографии од испраќањето дома на пациентот на кој му беше изведена втората трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија.
Пејачката откри дека нејзиниот сакан Роберт Спасенцовски го бирал свршеничкиот прстен сам, а таа по враќањето од Копаоник покажа како изгледа тој одблиску.
„Првите искри меѓу нас се појавија токму на ски викенд, а и нашата врска започна во снежна сезона, па затоа и Горјан го одбрал овој момент, односно ме запроси на нашето зимување на француските Алпи, на највисоката точка во овој ски центар“, споделува Елеонора (30) за CRNOBELO.com, којa е вљубеник во бордањето и зимата, исто како и нејзиниот партнер.
„Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот...“, гласи крајот на емотивната објава на Игор Џамбазов по повод една година од смртта на неговиот татко, но ги споменува и медиокритетите во нашата држава.
Весна Петрушевска сподели најубави и најтажни емоции едновремено – радоста за нејзиниот пораснат син Кирил во САД, но и тагата на денот на роденденот на Тоше Проески. „Денес ќе имаше 42...“, ја започна таа емотивната посвета.