Започна со М2, победи на Макфест и го трансформираше својот изглед – Бојана Скендеровски низ годините (фото)
- Детали
- четврток, 26 јануари 2023
Најголем хит ѝ беше песната „Дилема“ која до ден-денес се пее, покрај музика се впушти и во водителски води, експериментираше со изгледот низ годините, има своја продукција и е горда сопруга и мајка на две деца - што прави и колку се промени Бојана Скендеровски?
Бојана Скендеровски (38), е една од пејачките на македонската естрада која има долгогодишна музичка кариера, позната ни е по многу хитови кои се пеат со години, но беше активна и во водителските води.
Постојано го негува својот изглед, работи на себе и низ годините направи голема трансформација, а често знае да ги почести фановите со фотки од некој интересен стајлинг.
Неколку факти за Бојана во продолжение:
Се прослави со нејзиното моминско презиме Атанасовска, кога во раните 2000-ти години беше дел од талент-шоуто М2 како една од финалистките со песната „Живеј со прашањето“.
Eден од нејзините поранешни поголеми хитови кој до ден-денес се пее е песната „Дилема“ со Роберт Билбилов и Тони Зен.
Бојана се има закитено со две победи на Макфест. Првата е од 2003 година со песната „Немам одбрана“, а втората победа е од 2015 со „Диви цветови“.
-->
-->
-->
Беше активна и во водителските води со своја емисија „Улица Македонија“ каде што канеше на разговор познати личности и знаеше да запее и таа со бендот.
Низ годините таа повеќепати експериментираше со физичкиот изглед, фризурата и стајлингот, па некогаш за многумина беше дури и непрепознатлива.
Денес сé уште се занимава со музика и со сопругот имаат своја продукција, прави нови песни и ја препеа македонската народна песна „Море сокол пие“ за која направи спот со филмски кадри.
;Бојана е мајка на Искра и Ѓорѓи со кои често знае да сподели семејна фотографија.
Погледнете уште неколку од нејзините понови песни:
; ; ;
-->
На следната страница погледнете повеќе фотографии како изгледа денес Бојана...
-->
Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“
„Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев?
Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...

Каде е и што прави денес Угро?
„Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...

„За многу години“ – Првите три велигденски јајца во домовите на познатите Македонци
„Од многу мала ја паметам оваа традиција на фарбање на првите три јајца на Велик...

Каде е и што прави денес момчето што ги отпеа стиховите „Како ли јас да пораснам“ - Иван Богојoвски?
Се сеќавате ли на стиховите „Како ли јас да пораснам и да речам малечка... Ти си...

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде...
„Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...