Кристина Арнаудова за 7-иот роденден на синот се потсети на породувањето: „Немаше слободна сала, маж ми пребледен“

„Почнаа контракции… си викам, имам време ок е, не е можно толку брзо да се случи. Смирена си влегов да се туширам… оп и водењакот пукна. Во меѓувреме почна детево да се бори јако. Дури стигнавме до болница, едвај стигнав до соба...“, се сеќава Кристина Аранудова на породувањето со својот помал син, кој денес полни 7 години.

kristina-arnaudova-za-7-iot-rodenden-na-sinot-se-potseti-na-poroduvanjeto-nemashe-slobodna-sala-mazh-mi-prebleden-01.jpg

Кристина Аранудова има два сина, поголемиот Максим има 12 години, а помалиот Матео денес (26.01) полни 7 години.

На неговиот роденден Кристина се сети на породувањето со него и објави стара фотографија од болница.

Таа го сподели своето искуство од пред 7 години на Инстаграм:

„6 јануари 2016, легнав да спијам. Имав закажано царски рез на 27-ми утрото. Ама нешто почна интензивно да се движи.

Станав, се прошетав, викам ќе помине. Пак легнав. Пак нешто чудно почна да се случува. Контракции.

kristina-arnaudova-za-7-miot-rodenden-na-sinot-so-stara-fotografija-od-bolnica-imav-carski-rez-edvaj-odev-05.jpg

Ок, си викам, од контракција до породување има време. Смирено станав, му соопштив на маж ми дека изгледа решил дечкото да излезе. И се јавив на Бица, другарка ми, која живееше до мене во другата зграда, да дојде да го чува Максим, за да заминеме во болница.

Во меѓувреме почна многу често да се јавуваат контракции… си викам, имам време ок е, не е можно толку брзо да се случи. Смирена си влегов да се туширам… оп и водењакот пукна.

Докторката на телефон, вика јас тргнувам и ти брзај. Си викам , што паничи женава…. Ок е, ќе стигнеме.
Се облеков, Бица стигна, влегов во лифт и тука сфатив дека веќе не можам да одам од болка. Седнав во кола, си земав некоја шминка, ставив сјајче на устата и малку руж, оти срамота да ме види таква прв пат син ми нели?

Во меѓувреме почна детево да се бори јако. Дури стигнавме до болница, едвај стигнав до соба. Ама нема слободна сала, а женава готова е, вика сестрата.
Тука веќе не ми беше до шминкање, само врискав. На секоја минута. Не знаев дека така болело.

Сестрата вика кога брзо се отвораш многу боли. Викам знам, сфатив…. Пред мене стои маж ми, и пробува да е хумористичен како секогаш, ми вика диши, вака (покажува како), како во филмовите! А јас му се дерам море мрш, ти ќе ми кажеш. Па и ме слика.

Уште нема слободна сала. Докторите уште се на пат да стигнат. Детево само што не излегло. Сето тоа за 40 минути.
Стигнуваат докторите. Едвај стигнуваме до празна сала. Јас на секој два чекори застанувам бидејќи на секои 30 секунди контракции. Се собираат докторите.

Маж ми малку пребледен ме испраќа, му викам смири се, сè ќе биде добро (нормално дека јас него го смирувам, којзнае колку му било тешко на човекот).
Матео се роди во 03:40 на 26 јануари, така си реши. Докторите закон, др. Елена Петрова, што ме породи со двете деца, без неа не сакав да се породам. Ја поздравувам!

И ете 7 години од сè ова, од оваа слика, Матео полни 7 години! Најмилото бебе, сестрите велеа и наjмирното… Среќен 7-ми Матео! Те сакаме! Љубов си!“

kristina-arnaudova-za-7-miot-rodenden-na-sinot-so-stara-fotografija-od-bolnica-imav-carski-rez-edvaj-odev-02.jpg

Повеќе фотографии од семејството на Кристина на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри во златен аутфит со танга, Калиопи со мајка ѝ: Што прават македонските ѕвезди на И... Кристина Димитри, во стилот на Јелена Карлеуша, настапи во провокативен аутфит в...
Миа Костова му организираше тематска забава за 11-иот роденден на синот со црни балони и црна торта ... „Денес се молиме на сите богови да не ни се спои небо и земја, дечкото слави род...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg