Едина Муса го шета синот, а Елена Ристеска се пошегува дека полни 19 години со видео со кул аутфити. Антониа Гиговска, пак, се појави на Моден викенд во сакото од дедо ѝ и се пошегува: „Сакото на дедо победи“.
„Инфлуенсер си секаде каде што ќе ти ја осетат енергијата и ќе ти дадат попуст, со срце“ - напиша Миа Костова на една од фотките од Сицилија, каде што ужива со синот и со Тијана.
„40 дена тага, болка, празнина... И те нема и секаде те има, неизбежно те има... во себеси те носам“ – Ана, придружниот вокал на ДНК, која заедно со Сара беа неразделни две децении и настапуваа на голем број концерти заедно се потсети со спомени на колегите.
Ирина Камилоска повторно организира групи мајки со бебиња на Водно, а овојпат во групата е и нејзината пријателка Едина Муса. „Денес Максим за првпат се прошета на Водно...“, сподели таа.
Од вкусни специјалитети до прошетки и прегратки со саканиот, Катарина Ивановска уживаше во „Вечниот град“ со саканиот...
Елена Најдоски, Викторија Лоба, Ненад Ѓоргиевски се само дел од нашите познати личности кои го поминаа велигденскиот викенд во Грција. Иван Јованов, пак, беше во Охрид - родниот град на неговата сопруга, а Маја Вукичевиќ испрати поздрав од сончевиот Сиднеј.
Во 2023 се ожени, во 2024 го доби прво дете, а сега го чека и второто – со слатко видео со неговите раце и дланките на сопругата и ќеркичката, ја открија ехо снимката и напиша 3 + 1 = 4.
„Сакав луѓето да ја слушнат мојата страна на приказната - каде бев последните години и низ што поминав. За некој да воскресне, прво мора да умре. Не мора тоа да е физичка смрт - но за да станам нова верзија од себе, најпрво морав да ја победам старата“, вели Таско за CRNOBELO.com.
„Твоите генијални текстови ДУПЛА ВОТКА и ДАЈ ДА ЗАСПИЈАМ остануваат за сите генерации и за сите времиња. Е па мајсторе, друже мој...со скршено срце и со една дупла во твое име, те оставам мирно да заспиеш и да заминеш во легендите“ - напиша Дарио во емотивната објава по починувањето на Тоше Поп Симонов, а и другите колеги и пријатели се збогуваа од него на социјалните мрежи.
Драган Спасов Дац има 61 година и целосно е посветен на музиката, актерството и внуката Гаиа, Влатко Стефановски е речиси на прагот од 70-тата година, а Владо Јаневски и на 64 години го ужива ексцентричниот моден стил. Кои познати Македонци се во седмата деценија од животот?
Во пријатна и свечена атмосфера, на 16 април во 19 часот во Cineplexx во Скопје се одржа претпремиерата на анимираниот филм...
„Од многу мала ја паметам оваа традиција на фарбање на првите три јајца на Велики Четврток, и додека сите спиеме мајка ми ни правеше црвено-бело-дебело поминувајќи со првото јајце на нашите лица... Сега јас го правам тоа на моите дечиња“ - напиша Ирина Камилоска и објави фотка од првите три велигденски јајца.
Мартинијан (29), кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, ужива во љубовта со кумановката Лара Денковиќ која минатата година, на 19-годишна возраст го објави својот прв роман.
„Секоја болничка врата што ја отворав, се затвораше со разочарување. И така, со години. До пред еден месец. Кога веќе не можев да трпам. Ја фатив мајка ми за рака и ѝ реков: „Ајде уште еднаш. Само уште еднаш да пробаме...“ Влеговме во една приватна болница и буквално за 5 минути ми го кажаа она што државниот систем 6 години не знаеше да ми го каже, а тоа е „Имаш варикоцела”, вели тиктокерот Александар Динев. Варикоцела е проширување на вените во скротумот (ќесичката што ги содржи тестисите).
Со блиски пријатели и многу другарчиња на Моша, Сања и Слаткар го прославија 5-тиот роденден на синот Моша.
Ноне Неделковска периодов го минува на Барбадос, уживајќи во коктели, бели песочни плажи и тиркизна вода... Таа овој пат се одлучи за минималистички црни бикини. Блеска со природна убавина на плажа.
„Ми пријдоа маж и жена на околу 30 години и почнаа да ми зборуваат: ‘Еј, како си, имаме едно маче, сакаш ли да го побараме?’. Тргнав по нив, па кога ми понудија чоколадо, ми проработе алармот и почнав да бегам. Следниот ден кај нас дојде полиција, а јас им ги опишав“, се сеќава Елена на најголемата траума од детството.
Долгоногата Полина Тасева со својот одличен вокал дојде како вистинско освежување на македонската музичка сцена. Сега, дува свеќички на роденденската торта со саканите до себе.