Оваа сабота ве очекува уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во земјава, „Еден на Еден“. И овој пат, многу гости, многу анегдоти и многу смеење.
Поглаварот на македонскиот спорт, големиот Ѓорѓи Кузмановски покрај своите стотина трофеи, над 70 благодарници и безброј медаљи за своите залагања во спортот, деновие ќе го вброи и признанието на Септолете Тотал добиено за неговиот придонес како исклучително корисен поединец и спортски работник кој цел свој животен век го посветил на јакнење на капацитетите за развој на спортот во Македонија...
Кои брендови ќе се стекнат со најпрестижниот сертификат – STUBRAND за 2017 година? За тоа ќе имаат можност да одлучат околу 60,000 студенти во Република Македонија кои по трет пат ќе гласаат за своите омилени брендови, распоредени во вкупно 19 категории производи/услуги...
Ја чекаш вистинската прилика? ИМАМЕ ДОБРА ВЕСТ! Вистинската прилика Е СЕГА!
И овој март, од 29ти до 31ви, во Македонската опера и балет, подгответе се за пролетно будење на сите сетила со богатата, инспиративна содржина која ќе ви ја понуди второто издание на Fashion & Lifestyle Expo...
(Скопје, 28.2.2017 г.) Денес по повод Саемот на градежништво, Шпаркасе Банка Македонија ја објави новата атрактивна понуда за станбен кредит со поволни фиксни каматни стапки од 3,25% за првите три години и 4,40% за следните две.
Авиокомпанијата и аеродромскиот оператор ТАВ Македонија денеска прославија три милиони патници на Виз ер во Македонија, најавија три нови авиолинии и базирање на четврт воздухоплов во Скопје...
Вистинската магија се наоѓа во нас самите”- ова е пораката која ја носите по посетата на Дизниленд. Четири магични денови во кои бајките и филмовите оживуваат пред вас преку атракции, шоуа, паради, замоци, музика од Дизни филмови...
„Авон Македонија“ ја доби наградата за филантропија ОКО чие свечено доделување беше вчера (27 февруари, понеделник) во едукативниот центар М6 во Скопје. Станува збор за признание кое традиционално го доделува здружението ХОРУС, а во име на познатата козметичка компанија го подигна Ангела Попјанев.
Модерната машина за ПЕТ-пакувања ќе доведе до зголемување на производствените капацитети на Млекарницата до 50 насто...
Во саботата имавте прилика да ја погледнете најновата епизода од ток-шоуто „Еден на Еден“, каде гостин беше легендарниот српски пејач Мирослав Илиќ.
Потрагата по нов дом е долг и исцрпен процес. Саемот на градежништво и недвижности кој ќе се одржи од 28.02 до 04.03 и оваа година ќе има задача да ги поврзе купувачите со градежничкиот сектор, правејќи ја понудата подостапна и попрегледна од кога и да е!
Сите македонски граѓани, кои заклучно со 31.12.2016 година биле членови на пензиските фондови од задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, на своите контакт адреси ќе го добијат зелениот плик.
Го викаат кралот на боемската музика и со право, бидејќи во времето на Југославија, но и денеска, важи за еден од најбараните изведувачи. Помладите можеби не знаат, но се работи за човекот со повеќе продадени албуми од било кого од екс-ју просторите.
Во годината во која „Златна Бубамара на популарноста“ го слави својот голем јубилеј, 20-тото издание, најпопуларната забавна манифестација кај нас и Бимилк обележуваат уште еден мал јубилеј - десетгодишно партнерство...
Веќе трета година по ред „Ладна“ го започнува својот детски ликовен конкурс за избор на најдобрите цртежи кои ќе бидат наградени со незаборавно патување во парискиот Дизниленд. Оваа година темата на која децата ќе треба да цртаат е „Животните и водата“.
И официјално - најгледаното македонско ток-шоу „Еден на Еден“, се закити со уште една Златна Бубамара за забавна емисија на годината. Наградата на Жаре му ја предаде актерот Горан Стојановски попознат како Џемо Биљбиљ, а кога истиот побара нешто за возврат, Жаре извади оригинален Еден на Еден блузон.
Меѓународната гимназија „Нова“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделување на стипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почнува денес (20 февруари) и ќе трае до 9 март, а ќе се одвива преку интернет-страницата на „Нова“ каде е поставена електронска апликација која заинтересираните ќе треба да ја пополнат.