Инвестиција на млекарницата Бимилк вредна 2 милиона евра

Модерната машина за ПЕТ-пакувања ќе доведе до зголемување на производствените капацитети на Млекарницата до 50 насто.

investicija-na-mlekarnicata-bimilk-vredna-2-miliona-evra-1.jpg

Битола, 27.02.2017: Најголемата млекарница во Македонија продолжува да вложува во врвна технологија и во зголемување на производствените капацитети. Најновата инвестиција во износ од 2 милиона евра се однесува на набавка на современа опрема за полнење ПЕТ-шишиња. Опремата е веќе доставена во Млекарницата и со неа се произведуваат Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+ во ПЕТ-амбалажа.

Новата „ultra clean“ машина, од најнова генерација, овозможува уште поголема сигурност и исклучителен квалитет на производите. Станува збор за флексибилна машина која може да полни различни формати на производи, во ранг од 250 г до 1 500 г. Оваа најмодерна машина има капацитет на полнење од 6 000 до 7 000 шишиња, што ќе доведе до зголемување на производните капацитети на Млекарницата за 50 насто.

„Новата машина, која ќе го зголеми капацитетот на производството во Млекарницата, ќе овозможи, пред сè, задоволување на потребите на сè поголемиот број потрошувачи. Наша долгорочна цел е да ја одржиме лидерската позиција на пазарот, а ова можеме да го постигнеме, пред сè, ако се обѕираме на потребите на потрошувачите и со континуирано вложување во квалитетот на производите и со унапредување на производството. Благодарение на новата инвестиција, потрошувачите ќе можат да уживаат во своите омилени производи: Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+  во попрактичното ПЕТ-шише“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер на Бимилк.

Бимилк е лидер во производството на млеко и млечни производи во Република Македонија. Оваа година компанијата одбележува 65 години од работата. Како резултат на континуираното вложување, на подобрувањето на процесот на производство и на постојаното збогатување на своето портфолио на производи, Бимилк денес е најголемата млекарница присутна на нашиот пазар и ужива доверба на повеќе од милион потрошувачи.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја страницата www.bimilk.mk или фејсбук-страницата на Бимилк.

Би можело да ве интересира:

Софија Јанева му прослави „половина роденден“ на синот - со половина торта за полнење 6 месеци (фото... „Баш кога мислиш дека имаш некаков ред, бебето ќе реши да не спие цела ноќ. Но, ...
Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски ... По повод денешната изјава на Министерот за здравство, Азир Алиу, за Предлог-зако...
Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење ... Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производител...
Херој на денот! Д-р Чадиковски оперираше бебе од 2.5kg на кое машина му ги менуваше срцето и белите ... „По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена пом...
Актерката Симона Живковска ги доведе сопругот и синот во родната Македонија - прошетка низ Охрид, по... Симона Живсковска, која глумеше покрај Скарлет Јохансон во „Црната вдовица“, нео...
Pepco наскоро ги отвора своите продавници во Скопје Pepco ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 ...

Најчитани неделава