Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија на предлог-текстот на законот за заштита од пушење

По повод денешната изјава на Министерот за здравство, Азир Алиу, за Предлог-законот за заштита од пушење, Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун при Стопанската комора на Македонија, во чиј состав членуваат Philip Morris International, Imperial Brands, British American Tobacco и Japan Tobacco International, изразуваат длабока загриженост и разочарување од дополнетиот и изменет текст на предложеното законско решение којшто беше доставен до нас на 17 март, од Министерството за здравство.

reakcija-na-grupacijata-za-proizvodstvo-na-cigari-i-zdruzenie-na-proizvoditeli-na-tutun-i-tutunski-proizvodi-pro-sptopanskata-komora-na-makedonija-na-predlog-tekstot-za-zakonot-za-zastita-od-pusenje.jpg

И покрај фактот што нашата намера во целиот овој период на подготовка на законот беше да бидеме конструктивни и кооперативни и навремено доставивме анализи, предлози и детални коментари, и како групација, но и поединечно како компании, ниту една од нашите аргументирани забелешки не е вградена во новата верзија.

Во изминатиот период, свесно се воздржавме од медиумски настапи, сметајќи дека треба да ја вложиме енергијата во професионален и конструктивен процес со институциите - работни состаноци, технички средби и споделување меѓународни најдобри практики, особено во области кои и самото Министерство за здравство ги истакнува како приоритет: строга рамка за забрана на пушење во затворени простории и ефикасна заштита на малолетниците од пристап до тутунски производи.

За жал, како директно засегната индустрија, нашите ставови и мислења воопшто не се земени предвид. Предложениот текст, иако формално наведува јавноздравствени цели, реално воведува несразмерни ограничувања кои го нарушуваат легалното работење на индустријата и создаваат сериозни последици што ќе се почувствуваат многу брзо. Овој текст е неусогласен со релевантната регулатива, во делови неприменлив и несразмерно рестриктивен, со директно негативно влијание врз легалните комерцијални активности. Иако ја поддржуваме целта за строга рамка за забрана на пушење во затворени простории и заштита на младите, предложените решенија нема да ги постигнат посакуваните резултати во јавното здравје.

Уште поважно, предложените мерки не водат кон намалување на употребата на тутунски производи, туку поттикнуваат одлив кон сивата економија, која веќе достигнува 13–14% од пазарот, со неконтролирана продажба, небезбедни производи, прекугранично снабдување и сериозни загуби за буџетот.

Нашите анализи укажуваат дека прекумерните рестрикции, во споредба со други примери, не ја намалуваат преваленцата на пушење, туку доведуваат до:

  • раст на нелегална трговија со тутунски и никотински производи,
  • снабдување со производи од соседни држави со непроверен квалитет и доведување во ризик на здравјето на граѓаните од производи кои не ги поминуваат потребните проверки за безбедност и квалитет
  • сериозен пад на буџетските приходи, на сметка на раст на нелегалната трговија и нарушување на целиот синџир на вредност

Тутунскиот сектор претставува значајна економска гранка: земјоделство, откуп, преработка, индустриско производство, извоз, HoReCa, логистика и над 5.000 малопродажни објекти. Во последните пет години државата инкасираше повеќе од 1,125 милијарди евра акцизни приходи, а само минатата година остварени се околу 350 милиони евра од акцизи, царини и даноци и над 200 милиони евра од откуп на тутун.

Затоа, од почетокот, а и денес, го поставуваме истото суштинско прашање: Дали министерството за здравство при креирање на законот ја вклучи и стратегијата како државата ќе се справи со одливот кон нелегалниот пазар, недостапноста до легални производи и последиците врз целокупната економија предизвикани од падот на буџетските приходи?

Ние, како Групација, од Министерството за здравство бараме реална транспарентност, суштинска инклузивност и регулаторни решенија кои се пропорционални, применливи и засновани на докази, а не мерки кои одат подалеку од европските практики и директиви, како и неусогласеност со други позитивни законски прописи и притоа создаваат повеќе штета отколку корист.

Компаниите членки на оваа Групација носат експертиза од над 180 пазари ширум светот и остануваат целосно подготвени да придонесат кон решение кое навистина ќе биде ефективно, спроведливо и во интерес на јавното здравје, граѓаните и економијата.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинка на синот – го носи возач со луксузен автомобил „Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава