Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинка на синот – го носи возач со луксузен автомобил

„Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат другите. Станува збор за ултрамодерна градинка со програма на повеќе јазици“ – вели извор близок до Пријовиќ, која издвојува 2.500 евра месечно за членарина, а детето го зема и враќа приватен возач со луксузно комбе.

aleksandra-prijovikj-plakja-30-000-evra-za-gradinka-na-sinot-go-nosi-vozach-so-luksuzen-avtomobil-01.jpg

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ живеат живот на висока нога, слично како неговиот татко Бобо со сопругата Лепа Брена.

Пред неколку месеци Пријовиќ беше главна тема кога објави оглас за дадилка на децата, на која ќе ѝ плаќа 5.000 евра, а листата со критериуми и задачи беше прилично голема.

Сега, повторно испливаа детали за нивните трошоци поврзани со децата, овој пат за воспитно-образовниот процес.

Извори блиски до пејачката, за српските медиуми изјавиле дека таа за градинката на синот Александар, плаќа 30.000 евра годишно.

Месечната членарина изнесува 2.500 евра, а секојдневно доаѓа приватен возач на луксузно комбе, кое го зема од дома и потоа го враќа до дома момчето.

„Александра го сака само најдоброто за своите деца.

Не ја интересира што мислат другите – битно ѝ е малиот Александар уште од сега да добие соодветно и современо образование и да расте во опкружување каде ќе може да развива таленти и јазици.

Станува збор за ултрамодерна градинка со програма на повеќе јазици, високообразовани педагози и грижлив персонал.

Во план се и креативни работилници, спортски активности, како и музичка програма, како детето би можело уште од најрани години да развива различни таленти“ – изјавил изворот, а пренесуваат српските медиуми.

Пријовиќ во септември годинава се породи со второто дете, а еден месец подоцна се појави на забава на Наташа Беквалац, каде беше мета на критики.

„Остави едномесечно бебе дома“ - Александра Пријовиќ ги подели мислењата со појавувањето на забавата на Наташа Беквалац

На концертот на Саша Ковачевиќ пред неколку дена, таа беше забележана како се забавува, а за медиумите изјави дека дури и кога патува за настапи, никогаш не преспива туку веднаш се враќа дома за да биде заедно со своите деца.

„На 31-ви декември ќе ми биде првото одвојување од ќеркичката Арија, но јас веднаш ќе се вратам. Александар е многу добар, се грижи за својата сестра“.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александра Шијакоска: „Изгубив дете и болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, намест... „Сакав да го прескокнам роденденот. После се, мислев тивко да помине. Ама Риан п...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Се породи Александра Јанева - Пејачката стана мајка 3 дена по својот роденден Александра Јанева се породи вчера (28 мај), откако на 25 мај и самата славеше ро...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава