Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња?

Game of Thrones – 15 милиони долари по епизода

Game of Thrones е една од најуспешните и најгледаните серии во историјата.

Но, таа тешко ќе го достигнеше тој статус ако во неа не беа вложени милиони и милиони долари.

Серијата е позната по големиот број актери, главни и поважни споредни улоги, а низ серијата поминаа илјадници епизодни актери и статисти.

Ако се додаде и фактот дека снимањето се одвиваше на различни локации, како и многу скапите сцени со White Walkers или змејовите, изненадување е што оваа серија е само на шестата позиција според потрошените пари по епизода.

The Mandalorian – 15 милиони долари по епизода

Според многумина, серијата Mandalorian е најдоброто нешто што некогаш било излезено од франшизата Star Wars.

Специјалните ефекти се фантастични, локациите прекрасни, а само за сцените со Грогу („бејби“ Јода) се потрошени околу 5 милиони долари.

Сепак, бидејќи моментално е една од најфалените серии на Disney+, веројатно вредат сите потрошени пари.

See – 15 милиони долари по епизода

Научно-фантастичната серија на Apple TV+ со Џејсон Момоа во главната улога, има малку специјални ефекти кои драстично го зголемија буџетот.

За жал за љубителите на серијата и оние што го сакаат овој жанр, серијата има само две сезони и најверојатно нема да се снима понатаму.

The Morning Show – 15 милиони долари по епизода

Apple TV+ вложи по 15 милиони долари од епизода во серијата во која нема CGI технологија, нема специјални ефекти и снимање на скапи локации, но ја предводат актерките од холивудската А-листа.

Џенифер Анистон, Рис Витерспун и Стив Карел ја водат оваа серија, а доволно е да се каже дека тие се едни од најплатените актери на денешницата.

Е.Р. – 13 милиони долари по епизода

Најголемото изненадување на листата е медицинската серија Е.Р. на NBC, која се снимаше 15 сезони. Таа доминираше на ТВ-екраните од 1994 до 2009 година.

Низ серијата поминаа десетици познати актери, како Џорџ Клуни кој беше главен лик во серијата во 1990-тите, а подоцна Горан Вишњиќ, Стенли Тучи, Форест Витакер, Вилијам Х. Мејси, Тенди Њутн и многу други.

А колку беше популарна, можеби најдобро говори фактот што една од епизодите ја режираше Квентин Тарантино.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg