10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2024

Past Lives

Главните ликови се Нора и Хае Сунг кои биле пријатели во детството.

Се оддалечуваат, но се сретнуваат неколку децении подоцна и средбата може целосно да им ги промени животите.

Јужнокорејскиот филм е номиниран во две категории – „Најдобар филм“ и „Најдобро оригинално сценарио“.

Poor Things

Необичен филм чие дејство се фокусира на млада девојка која е вратена од мртвите од страна на научник.

Таа побегнува и во друштво на адвокат тргнува на авантура.

Филмот се истакнува со номинациите и има дури 11, вклучително и за „Најдобар филм“.

The Zone of Interest

Воена драма која ја прикажува Втората светска војна од нова перспектива.

Главниот лик е командант во Аушвиц кој живее се семејството покрај озлогласениот логор.

Покрај номинацијата во главната категорија, филмот е номиниран во уште четири други.

Nyad

Филмот ја раскажува вистинската приказна за Дијана Нијад и нејзиниот обид да стане првата личност која ќе исплива од Куба до Флорида, и тоа на 64 години.

Филмот е номиниран во две категории – „Најдобра актерка“ и „Најдобра актерка во споредна улога“.

Elemental

Анимираниот филм на Pixar раскажува необична приказна за свет во којшто четирите елементи живеат во хармонија, но одделно.

Сепак, еден ден, девојка која е оган и момче кое е вода се здружуваат.

Филмот е номиниран во една категорија – „Најдобар анимиран филм“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...

Најчитани неделава