Филмски викенд: Вино и филмови

filmski-vikend-vino-i-filmovi-povekjeПред нас е уште еден празник, Св. Трифун. Тоа ме инспирираше да најдам филмови каде виното е во една од главните улоги во филмот. Меѓу нив се најдоа и...


...незаборавните "French Kiss", со Мег Рајан и Келвин Клајн, и "A Walk in the Clouds", со Кијану Ривс, кои се малку постари филмови, но заслужуваат да се спомнат.

Со таа мисла ви одбрав три одлични филмови за релаксација, што треба да се погледнат со чаша вино во рака.

Уживајте во овој филмски викенд!


Bottle Shock (2008)

filmski-vikend-vino-i-filmovi-1

Филмот е базиран на вистински настани што се случиле во 1976. Виното во Калифорнија немало добра репутација, и вообразените французи не го признавале квалитетот што го дава долината Напа. 

Поради тоа договориле натпревар каде секоја земја ги презентира вината на слепо дегустирање, ден што во историјата е запамтен како Судот на Париз.

Кога го гледав не знаев ништо ни за историјата на виното, а ни за како се произведува вино.

Но, филмот е така направен за секој што ќе го изгледа да се заљуби во земјата, сонцето, лозјето... и се разбира виното.

Забавен, едукативен и инспиративен филм што го препорачувам на секој.

Чие вино ќе победи? Франција, или Америка? Оставам на вас да погледнете.

Режија: Randall Miller
Глума: Chris Pine, Alan Rickman, Bill Pullman, Eliza Dushku, Rachael Taylor


A Good Year (2006)

filmski-vikend-vino-i-filmovi-2

Убава, лесна, предвидива романтична комедија за релаксирачка вечер.

Макс дознава дека добил наследство од вујко му, имот во Франција каде тој има пораснато. Но, многу работи се смениле од тогаш.

Како дете го обожувал времето поминато со вујко му, но сега, веќе возрасен само сака да го продаде, да заработи и да се врати во својот свет.

Додека чека проценка на имотот, се бори со распаднатата куќа, домарот што го спрема совршеното вино, некоја американка која се преставува како негова братучетка и чуствата што се раѓаат за прекрасната, бунтовна Фани.

Дури и од ова кратко сиже, може да предвидите во која насока ќе се движи филмот. Но, прекрасните пејсажи на лозјата во Франција вредат за сите пари.

Режија: Ridley Scott
Глума: Russell Crowe, Abbie Cornish, Marion Cotillard  Albert Finney


Sideways (2004)

filmski-vikend-vino-i-filmovi-3

Кога се зборува за вино, не смее да не се спомене овој филм. Бавна комедија, која со својот интересен хумор и реалистичносто сценарио, си доби статус на култен филм меѓу љубителите на вино.

Самиот факт дека поради една сцена во филмот, се намалила продажбата на мерло во Америка, е доволно за да знаете дека е квалитетен филм.

Приказната следи двајца пријатели, да речеме средовечни (или одат накај таа возраст), секој со свои проблеми, едниот неуспешен писател, а другиот неуспешен актер.

Бидејки свадбата на актерот се наближува, двајцата решаваат да тргнат низ винариите по Калифорнија на „лудо“ ергенско патување.

Не очекувајте лудории како во "The Hangover", овие двајца не се толку екстремни, но ќе им се случуваат интересни работи на патувањето.

Глумците не се големи звезди, изледаат просечно, некако нормално, и поради тоа го прават филмот полесен и позабавен за гледање.

Ако ништо друго, филмов ќе ве натера да го отворите првото вино што ќе го најдете по дома.

Режија: Alexander Payne
Глума: Paul Giamatti, Thomas Haden Church, Virginia Madsen, Sandra Oh

Која е вашата омилена „филм и вино“ комбинација?

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 забавни филмови кои ќе ве однесат на авантура во топлите летни ноќи Ако сакате потрага по изгубени богатства, вреди да го изгледате Uncharted. Ако, ...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
5 секси серии на Нетфликс за летните вечери Гледањето секси ТВ серии во текот на летните вечери може да биде возбудлив и при...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
5 филмови што ќе ги инспирираат студентите по право (и се забавни за гледање) За моментите кога ќе ви треба инспирација или мотивација, ви нудиме 5 филмови чи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg