Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“

Актерката што ја глуми вештерката изгорела на сетот

Маргарет Хамилтон е актерката што ја глуми зелената вештерка во филмот.

Во филмот има сцени каде што таа се појавува опкружена со чад и оган.

Но, на снимањето на една ваква сцена, нејзината облека се запалила, заедно со зелената боја што ја носела на лицето, а која била направена од бакар.

Актерката се здобила со тешки изгореници и завршила во болница.

ja-drogirale-dzhudi-garland-dzhudzhinjata-organizirale-orgii-skandalite-na-snimanjeto-na-volshebnikot-od-oz-02.JPG

И нејзината каскадерка во филмот се соочила со слични проблеми.

Таа снимала сцена на која е качена на метла.

На метлата била прикачена машина за чад, но експлодирала и каскадерката се здобила со толку сериозни повреди, што на крај ѝ била направена хистеректомија.

ja-drogirale-dzhudi-garland-dzhudzhinjata-organizirale-orgii-skandalite-na-snimanjeto-na-volshebnikot-od-oz-03.JPG

Актерот што го глуми железниот човек носел токсична боја

Околу девет дена откако почнало снимањето, актерот Баби Ебсен, кој го глуми железниот човек, бил хоспитализиран.

Подоцна лекарите фатиле дека бојата со којашто го премачкувале за филмот била токсична, односно содржела ситни честички метал кои почнале да се таложат на неговите бели дробови.

На крај, морале да го заменат со друг актер, но тој се појавува многу малку во филмот.

ja-drogirale-dzhudi-garland-dzhudzhinjata-organizirale-orgii-skandalite-na-snimanjeto-na-volshebnikot-od-oz-05.JPG

Безброј други проблеми на сетот

Вештачкиот снег што се користел на сетот содржел азбест бидејќи тогаш не се знаело дека е канцероген. Неколку години подоцна, двајца актери починале од рак, но не е познато дали има поврзаност со токсичниот снег на сетот.

За филмот да биде во боја, се користела тогаш нова технологија поради која температурата на сетот морала да биде висока. Па, на снимањето било толку жешко, што актерите честопати губеле свест.

ja-drogirale-dzhudi-garland-dzhudzhinjata-organizirale-orgii-skandalite-na-snimanjeto-na-volshebnikot-od-oz-14.JPG

Костимот што го носи актерот кој го глуми лавот бил направен од вистинско крзно на лав поради што постојано му било жешко, додека костимот на плашилото му оставил лузни на лицето на актерот кој го глуми него.

А, бидејќи маската на плашилото била направена од гума, актерот неколкупати ќе се задушел.

Дури и кучето на Дороти настрадало – некој од актерите го згазнал и му ја изместил ногата, па неколку недели не можело да снима.

ja-drogirale-dzhudi-garland-dzhudzhinjata-organizirale-orgii-skandalite-na-snimanjeto-na-volshebnikot-od-oz-17.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...

Најчитани неделава