Филмски викенд: Анимирани филмови

filmski-vikend-animirani-filmovi-povekjeПоследните неколку години анимираните филмови станаа многу популарни и некако се надмина табуто дека цртаните филмови се за деца. Повеќето...


...анимирани филмови иако имаат детски тематики, направени се за да ужива и повозрасна публика.

За овој викенд ви припремивме три анимирани филмови што не се така популарни како Shrek, Kung Fu Panda или Tangled, но овие покрај приказната, со себе носат квалитетни и поинакви анимации.

Повеќето се фамилијарни авантуристични приказни и верувам дека ќе ви се допаднат, и можете да ги погледнете со вашите помали браќа или сестри, внуци или деца.

Уживајте во овој филмски викенд!


Rio (2011)

filmski-vikend-animirani-filmovi-1

Прекрасна анимирана авантура за големи и мали. Го следиме Блу, кој е егзотична птица што цел живот го поминал со Линда во книжара. 

Можам да кажам доста досаден и предвидлив живот.

Но се ќе се промени кога ќе го запознаат со последната женска птица од неговиот вид.

Доволно е да кажам дека ќе ја запознае својата дива страна.

Приказната е лесна за следење, можам да кажам и неинвентивна, но надокнадува во креативност и презентација.

Тропските боите, веселите сцени, салса музика насекаде и егзотичните птици... ќе добиете желба одма да одлетате до Рио.

Режија: Carlos Saldanha
Гласови: Jesse Eisenberg (Блу), Anne Hathaway (женската на Блу)


The Adventures of Tintin (2011)

filmski-vikend-animirani-filmovi-2

Ако сте фан на Стивен Спилберг и на Индијана Џонес, тогаш овој е филмот за вас.

Оргиналниот Тинтин е херој од стип, но одлично е адаптиран во анимирана форма.

Тинтин е бестрашен детски репортер, чија љубопитност му носи многу невољи.

Заедно со капетанот Хедок тргнуваат во лов по скриено богатство и го бараат бродот чиј капетан бил далечен предок на капетан Хедок.

Се разбира ниеден лов по скриено богатство не е без пирати што ги бркаат нашите момци. Интересна авантуристичка акција која ќе ви го задрже вниманието и нема да осетите кога ќе поминат два часа.

Ако преминете преку детската приказна и се концентрирате на квалитетот на анимациите, или како општо е склопен овој анимиран филм верувам дека ќе уживате.

Режија: Steven Spielberg
Гласови: Jamie Bell (Тинтин), Andy Serkis (капетан Хедок)


Mars Needs Moms (2011)

filmski-vikend-animirani-filmovi-3

Најинтересен концепт од понудените. Секое дете се буни кога мајката му дава домашни обврски и постојано го кара за било што.

Но кога злобните Марсовци ќе ја киднапираат мајката на Мајло со цел да ја исцрпат нејзината мајчинска енергија, тој ќе направи се што е во негова моќ да ја спаси.

Во тоа ќе му помогнат еден човек, што заглавил во детството, и една луда Марсовка, што се противи на Марсовското општество.

Дали Мајло ќе успее да си ја спаси мајка си, оставам да го погледате филмот.

Одличен филм со супер анимации и еден куп бркотници што ќе ви го окупираат мозокот и ќе ве натераат да сватите колку си ги сакате мајките.

Режија: Simon Wells
Гласови: Seth Green (Мајло), Joan Cusack (мајка му на Мајло)

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg