10-те најдобри HBO серии, достапни за гледање и на стриминг платформата кај нас
Oz
Ако сакате приказни кои ја прикажуваат бруталната реалност на затворите, сигурно ќе ви се допадне Oz.
Главните ликови се затворениците и чуварите во затвор со максимално обезбедување, каде секојдневно се соочуваат со насилство и борба за моќ.
Band of Brothers
Band of Brothers е снимена според вистински настани и се смета за можеби најдобрата воена серија на сите времиња.
Дејството го следи животот на група војници од американска елитна единица, почнувајќи од нивната обука, па сè до крајот на Втората светска војна.
True Detective
Антологиската серија True Detective е еден од најдобрите трилери кои се појавиле на телевизија.
Секоја сезона се фокусира на различни ликови, односно различно злосторство и детективите кои пробуваат да го решат.
Во секоја сезона се појавуваат и мошне добри актери, како Метју Меконахи, Вуди Харелсон, Рејчел Мекадамс, Колин Фарел, Џоди Фостер…
Six Feet Under
Six Feet Under е уникатна и на моменти мрачна драма која мошне реално ги прикажува проблемите и конфликтите на луѓе со разни животни патишта.
Главните ликови се членови на семејство кое поседува погребна служба. По смртта на главата на семејството, останатите членови пробуваат да продолжат со бизнисот, иако некои против своја волја.
Boardwalk Empire
Уште една серија сместена во минатото, овој пат за време на прохибицијата во САД во раните 1900-ти, кога биле забранети производството и продажбата на алкохол.
Главниот лик е корумпиран политичар во Атлантик Сити кој ја злоупотребува својата положба и соработува со гангстери.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





