Филмски викенд: Љубовни драми

filmski-vikend-ljubovni-drami-povekjeНе очекувајте романтики или па романтични комедии, скоро и да нема сцена која ќе ви предизвика насмевка. За овој викенд ви приготвивме три драми...


...кои се погодија да обработуваат теми поврзани со љубов.

Сепак во центарот на вниманието се меѓучовечките односи. Но имаме за секого по нешто.

Ќе го започнеме викендот со нешто полесно. Лесна љубовна драма со среќен крај, па после може да продолжите со драма што покрива комплицирани фамилијарни односи. А ако сте од најхрабрите можете да го погледнете последниот филм.

Сите филмови се прекрасно склопени и со прекрасна актерска екипа. Што и да одберете нема да згрешите.

Уживајте во овој филмски викенд!


The Vow (2012)

filmski-vikend-ljubovni-drami-1

Инспириран од вистинска приказна, овој филм ќе ве натера да верувате во вистинска љубов. 

Приказната ни раскажува за брачната двојка Пејџ и Лео, кои се најсреќните и најзаљубените луѓе на целиот свет.

Но Пејџ ќе падне во кома после сообраќајна несреќа, и кога ќе се разбуди нема да се сеќава на последните две години од нејзиниот живот. А така волшебно се погодува, да баш во тие две години таа ги има направено најголемите промени во својот живот.

Не се сеќава на својот сопруг, ни на својата работа. Светот за сите продолжил, а таа се враќа во нејзините факултетски денови, кога е заљубена во друг човек и е студира правни науки.

Лео пробува на секој начин и ја врати меморијата, и се бори за неа, се бори за нивната љубов. Но тоа не е истата девојка во која се заљубил.

Има краток момент кога ќе помислите дека нема да има среќен крај филмот, но ете уште сега ќе ви ја скратам маката... ќе завршат заедно.

Холивуд не прави големи филмови со ултра популарни филмски ѕвезди ако нема среќен крај. Мислам дека ќе им се допадне и на тие што несакаат љубовни драми.

Режија: Michael Sucsy
Глума: Rachel McAdams, Channing Tatum


Beginners (2010)

filmski-vikend-ljubovni-drami-2

Во центарот на приказната е Оливер, успешен дизајнер, но е прилично изгубен во животот.

Во своите 30ти години ја губи својата мајка, но набрзо после тоа дознава дека татко му е хомосексуалец и дека умира поради неизлечива форма на рак.

Сето тоа е премногу за него, и одвај некако успева да се справи со промените во неговиот живот. Неговите илузии за како треба да изгледа совршеното семејство, или воопшто една врска се сега веќе скршени.

Сфаќа дека неговите родители живееле во лага, а тоа го кочи да дозволи да се заљуби. Се запознава со една француска глумица, и им тргнува прилично добро, но и таа има проблеми.

Таа пак неможе да донесе одлука за каде тоа сака да живее, ниту да се приврзе за некого. Многу паралелни приказни се случуваат, и може да стане напорно да ја пратите приказната бидејки скока напред назад во времето.

Фамилиите, а и луѓето што ги сакаме не се совршени. А ова е одличен филм за новиот начин на живот, ни ги преставува сите проблеми и ни прикажува како луѓето се справуваат со нив.

Режија: Mike Mills
Глума: Ewan McGregor, Christopher Plummer, Mélanie Laurent


The Reader (2008)

filmski-vikend-ljubovni-drami-3

Пост воена драма за врската меѓу еден маж и една жена што се провлекува неколку декади.

Во животот на Мајкл, некаде после Втората Светска Војна, ќе влета една жена сосем случајно. Таа е многу постара од него, а тој само тинејџер. Ќе се развие некоја чудна врска меѓу двајцата, одпочеток ќе биде само физичка, но ќе откријат едно нешто што ги поврзува.

Хана ужива да го слуша Мајкл како и чита приказни или книги, па нивната тајна врска ќе се продлабочи.

Но набрзо како што влета Хана во неговиот живот, така ненадејно и ќе ја снема. После многу години, сега Мајкл е студент на правниот факултет, нивните патишта ќе се спојат.

Тој ќе ги следи нацистичките судењата и ќе ја најде Хана на обвинителната клупа. Пробувајки да ја разбере нејзината животна приказна и злосторот за кој е обвинета ќе ја открие нејзината добро чувана тајна. Навистина прекрасен филм.

Прилично тежок, и можеби досаден за некои поради пост воената тематика, но буди ќе ве тера да размислувате за човечката суета и за чудните врски што можат да се развијат помеѓу две сосема различни личности.

Режија: Stephen Daldry
Глума: Kate Winslet, Ralph Fiennes

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg