10 филмови што секој интелектуалец треба да ги изгледа

In Bruges

Динамичен трилер со малку подлабока приказна и со Колин Фарел во главната улога.

Главните ликови се двајца убијци кои по неуспешна мисија, остануваат заглавени во белгискиот град Бриж.

Ситуацијата уште повеќе се комплицира кога нивниот шеф му наредува на едниот убиец да го убие другиот.

Incendies

Incendies, кој е во режија на Денис Вилнев, е филм со нелинеарен наратив кој ги истражува страшните последици од војната.

Главните ликови се близнаци од Канада кои одат во родната земја на мајка им.

Овде откриваат детали за нејзиното минато во периодот кога живеела среде граѓанска војна.

Contagion

Во режија на Стивен Содерберг, Contagion сигурно ќе ве присети на периодот кога пандемијата беше во полн ек.

Дејството се фокусира на светска пандемија и обидите на човештвото да се справат со неа.

За разлика од останатите филмови со слична тематика, Contagion делува премногу реалистично.

Spotlight

Spotlight е снимен според вистинска и мошне вознемирувачка приказна што сигурно сте ја чуле.

Новинари од американскиот весник The Boston Globe разоткриваат огромен скандал со педофилија, со што ги разнишуваат самите темели на католичката црква.

Prisoners

Иако многумина го опишуваат како насилен филм кој е тежок за гледање, особено за родители, Prisoners нема да ве разочара.

По киднапирањето на две девојчиња и неуспехот на полицијата да се справи со случајот, нивните татковци одлучуваат да ја преземат правдата во свои раце.

И ова е филм во режија на Денис Вилнев, а главните улоги им припаѓаат на Хју Џекмен и Џејк Џиленхол.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg