10 филмови што секој интелектуалец треба да ги изгледа
Напнатиот Prisoners, по малку чудниот The Lobster или, пак, Contagion – филмот кој најреалистично ги прикажува обидите на човештвото да се справи со пандемија.

Ако ви се гледа филм со моќна приказна и кој ќе ве натера да го активирате мозокот, сигурно ќе ви се допадне нешто од нашата листа.
Десет филмови што секој интелектуалец треба да ги изгледа:
The Lobster
Несомнено чуден филм во режија на Јоргос Лантимос и со Колин Фарел во главната улога кој ќе ве натера да размислувате.
Дејството е сместено во свет каде сингл луѓето престојуваат во „хотел“, каде што мора да си најдат партнер во рок од 45 дена.
Ако не успеат, ќе бидат претворени во животно.
A Serous Man
Во режија на браќата Коен, A Serous Man е драма со примеси на мрачна комедија.
Главниот лик е професор по физика кој се соочува со криза, по неколку катастрофални настани во неговиот живот.
Па, почнува да се сомнева во својата вера.
Synecdoche, New York
Со Филип Сејмур Хофман во главната улога, филмот е психолошка драма која се фокусира на осамен театарски режисер.
Тој има проблеми со кариерата и семејството, а се бори и со ретка болест, кога прави план да ја режира „најдобрата претстава“.
Apocalypse Now
Нарекуван еден од најдобрите воени филмови, дејството на Apocalypse Now е сместено во време на Виетнамската војна.
Група американски војници патуваат по река од Виетнам до Камбоџа, додека едниот од нив е на тајна мисија да убие дезертер.
Филмот има одлична актерска екипа што ја сочинуваат Мартин Шин, Марлон Брандо, Лоренс Фишберн и Харисон Форд.
Whiplash
Whiplash е музичка психолошка драма за млад дечко кој сонува да стане тапанар.
Се запишува во престижно музичко училиште, каде мора да се докаже пред суров професор кој постојано го тера да ги премине своите граници.
