10 најочекувани филмски премиери за првата половина од 2026-та
Продолженија на филмовите со коишто пораснавме, адаптации на книги, но и филмови инспирирани од видеоигри – што ќе гледаме во првата половина на 2026-та?

Веќе се зборува дека 2026-та ќе биде една од подобрите години за филмската индустрија во последно време.
Се очекуваат нови филмови на неколку врвни режисери, овде се продолженијата на веќе популарни филмови, но и адаптации на прикази што ни се добро познати на сите.
10 филмски премиери што со нетрпение ги очекуваме во првата половина од следната година:
Датумите се однесуваат на премиерите во САД.
28 Years Later: The Bone Temple
- 16-ти јануари
Годината ќе започне со четвртото продолжение од серијалот 28 Days Later, каде Рејф Фајнс ќе ја репризира својата улога од претходниот филм.
Дејството се случува веднаш по настаните во филмот од годинава, во постапокалиптична Англија која е опустошена од вирус кој ги претвора луѓето во зомби.
Wuthering Heights
- 13-ти февруари
Со Марго Роби и Џејкоб Елроди во главните улоги, филмот е адаптација на „Оркански височини“ од Емили Бронте.
Како во книгата, дејството е сместено во 18-тиот век во Англија и се фокусира на љубовта приказна на Кетрин и Хитклиф.
Scream 7
- 27-ми февруари
Како секоја година, ни во 2026-та, нема да недостасуваат продолженија, и тоа на серијали што се актуелни неколку децении.
Во Scream 7, морничавиот убиец повторно се враќа во гратче каде што живее жена која претходно го преживеала масакрот.
Но, набрзо сфаќа дека следната мета на убиецот е нејзината ќерка.
The Bride!
- 6-ти март
Годинава го гледавме Frankenstein на Гиљермо дел Торо, а во 2026-та ќе ја погледнеме приказната за невестата на чудовиштето.
Во 1930-тите, научник од Чикаго оживува убиена жена, со цел да му направи невеста на чудовиштето на Франкенштајн.
Филот има мошне добра актерска екипа која ги вклучува Кристијан Бејл, Џејк Џиленхол и Пенелопе Круз.
Project Hail Mary
- 20-ти март
Со Рајан Гослинг во главната улога, Project Hail Mary е научнофантастична авантура.
Главниот лик е астронаут кој се буди во вселенски брод, но без никакво сеќавање за себе.
Набрзо сфаќа дека тој е единствениот преживеан од тимот кој има задача да ја спаси Земјата.
